Цуцковски го информираше вицепремиерот Димоски за досегашната реализација на програмата при што беше заклучено дека годинава „Охридско лето“ има исклучително амбициозна програма, од самото Свечено отворање па низ сите 40 фестивалски вечери на кои настапуваат големи музички имиња и реномирани театарски куќи.
Исто така се разговараше и за плановите, проекциите и сѐ она што ќе следи во наредните години, како за време на фестивалската рамка 12 јули-20 август така и во периодот преку цела година.
Вицепремиерот Димоски кажа дека денешната средба со раководството на фестивалот има за цел продлабочување на соработката и уште поголема поддршка од страна на Владата за Фестивалот кој е бренд на државата.
