КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, СОВРШЕНА МАГИЈА ПОД СВЕЌИ СО ПРОФУНДИС И НОВАТА СВЕТСКА ЅВЕЗДА ПЕТАР ПЕЈИЌ
Во организација на НУ „Охридско лето“ на 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. Концертот насловен како […]
