Светски познатиот виртуоз на харфа Емануел Сејсон вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. На програмата се дела од Бах, Шпор, Рение, Дебиси, Форе и Салзедо
Харфистот Емануел Сејсон е роден во 1984 година во Франција. Студира харфа на Конзерваториумот во Лион, а подоцна и на Парискиот конзерваториум во класата на Изабел Морети. Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други. Во 2004 година Сејсон се закитува со златниот медал на Интернационалниот натпревар за харфисти во Блумингтон (САД), каде ја добива и специјалната награда за најдобра изведба.