Трио „Инвентио“ – Италија
Трио „Инвентио“
Јулиа Беринскаја- виолина I
Валентина Данелон-виолина II
Ана Серова- виола
Јулија Беринскаја-виолина
Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински кој е еден од најзначајните композитори на 20 век во Москва и Русија и тој ја насочува неговата ќерка да учи виолина. Нејзиниот потенцијал е култивиран преку работата и часовите со меѓународно признати педагози и уметници како Е. Чугаева и В. Третјаков, квартетот „Бородин“, Московското трио кои придонесуваат кон тоа Јулија да дипломира со највисоки оценки на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, а потоа да продолжи да се усовршува на Високата школа за музика во Виена во класата на Д. Шварцберг.
Нејзината брилијантна кариера како солист, камерен музичар и педагог ја носи во Италија, Холандија, Швајцарија, Франција, Германија, поранешна Југославија, САД, Израел, Русија и др, каде настапува со оркестри како „Верди“ во Милано, оркестарот на Миланскиот конзерваториум, оркестарот „Амадеус“ во Москва, Филхармонијата во Свердловск, оркестарот „I Musici” во Парма и др. Како камерен музичар настапува на некои од најзначајните фестивали во Италија и Европа делејќи ја сцената со музичари од рангот на С. Крилов, Ј. Башмет, Д. Коен, В. Менделсон, Ф. Липс.
Јулија редовно одржува мајсторски курсеви во Мендрисио (Швајцарија), Темишвар (Романија), Родос (Грција), Мулин де Анде (Франција), Портогруаро (Италија), а има основано и сопствен курс за виолина на Мајсторската школа во Милано, и редовно е во жири комисии на меѓународни натпревари. Како концерт мајстор настапувала со оркестрите на театарот „Сан Карло“ во Неапол, оркестарот на Тренто и Болцано, Оркестарот на Ерл (Австрија), Театарот „Ла Фениче“ во Венеција и Љубљанската филхармонија. Има остварено повеќе снимки за музички куќи во Германија, Италија и Русија. Јулија Беринскаја е доцент на музичката школа „Клаудио Абадо“ во Милано како и на Мајсторската музичка школа во Милано.
Валентина Данелон-виолина
Валентина Данелон е родена во 1985 година и дипломира виолина со почести на Конзерваториумот за музика во Кастелфранко Венето во класата на Мишел Лот. Продолжува да студира педагогија на Универзитетот за музика во Лугано, а се усовршува со Јулија Беринскаја и Ренато Занетович. Студира и камерна музика на Интернационалната школа за камерна музика под водство на Триото „Триесте“, во дуо со Беатриче Орланди а под менторство на Ренато Занетович, Дарио де Роса, Морин Џонс и триото „Парма“.
Како солист настапува со „Солисти Венети“ Камерниот оркестар „Бузони“ од Трст, Симфонискиот оркестар „Наонис“ и др. Добитничка е на повеќе награди и признанија како прва награда на натпреварот за камерна музика „Роспиљиоси“, награда на натпреварот за камерна музика „Лилиан Карајан“, награда на натпреварот „Канети“ во Франција и др. Остварува настапи на фестивали во Европа, Русија, САД, Јужна Америка, Кина и Јапонија. По успешно положените аудиции соработува како оркестарски музичар со оркестарот на театарот „Ла Фениче“ во Венеција, со Националниот италијански оркестар РАИ, со „Солисти Венети“ со диригенти како Чунг, Гардинер, Темриканов, Валчуха и други. Од 2020 година заедно со Стефан Миленковиќ е уметнички директор на Меѓународниот фестивaл „Звуците на местата“ во Удине, Италија.
Ана Серова-виола
Уникатна фигура на меѓународната сцена како солист и камерен музичар, виолистката Ана Серова добива посвети на дела од некои од најзначајните композитори на денешницата. Всушност пишувајќи конкретно за неа, тие создаваат еден нов жанр кој ги спојува формата на концертната пиеса со театарската игра.
Откако ги завршува студиите со Владимир Стопичев, Бруни Гиурана и Јури Башмет, Ана Серова започнува брилијантна кариера како камерен музичар и солист, настапувајќи во концертните сезони на оркестрите и на фестивали во Италија.
Настапува со многу руски, европски и оркестри во Јужна Америка,а како камерен музичар настапува со Иври Гитилс, Бруно Гиурана, Салваторе Акардо, Роко Филипини, Ремис Азоитеи и др. Снима за музичките издавачки куќи: Дека, Наксос, Брилијант класикс, Велут Луна и Ред дрес, а снимките се одлично оценети од критиката. Во јуни 2006 година администрацијата на градот Краснојарск и ја доделува титулата Аташе за култура и трговија.
Ана Серов е професор по виола и камерна музика на Итернационалната академија „Пероси“ во Бела (Италија), а одржува мајсторски курсеви низ цела Италија, Русија и Јужна Америка.
Програма:
Ј. С. Бах: Избор од двогласни инвенции
Валентина Данелон- прва виолина
Јулија Беринскаја-втора виолина
Ј. С. Бах: Избор од трогласни синфонии
Ш. А. Де Берио: Дуо кончертанте бр. 3 оп. 57 за две виолини
Duo Concertante op. 57 n. 3 for two violins
Moderato
Adagio
Allegretto
Јулија Беринскаја-прва виолина
Валентина Данелон- втора виолина
С. Танејев: Трио во D-dur оп. 21
Allegro giocoso e semplice
Menuetto. Allegro ma non troppo
Andante
Vivace
А. Дворжак: Терцето оп. 74 C-dur
Introduzione. Allegro ma non troppo
Larghetto
Scherzo. Vivace — Trio. Poco meno mosso
Tema con variazioni. Poco Adagio—Molto