Герхарт Рајхенбах – гитара, Германија
Герхард Рајхенбах-гитара
Герхард Рајхенбах е еден од водечките германски класични гитаристи. Дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена за прв пат настапува во 1990 година на Фестивалот за гитара во Волос, Грција. Од тогаш, повеќе од 40 години одржува концерти како солист, со оркестар и на бројни фестивали кои го носат меѓу останатите на сцената на Берлинската филхармонија и во Интернационалната куќа на музиката во Москва. Репертоарот на овој уметник содржи повеќе од 35 рецитали и бројни концерти за гитара и оркeстар. Неговите транскрипции за гитара на делата на Скарлати, и особено оние на Бах го поставуваат на чело на интерпретаторите на делата на Бах за гитара во светски рамки. Во последните децении Рајхенбах е особено активен на полето на современата музика за класична гитара изведувајќи дела кои се специјално напишани за него како Балканската соната на Росен Балкански, 12 концертни студии оп. 48 од Бак Волтерс и дела од Атанас Оуркузунов. Покрај концертните активности, тој е професор по гитара, често е дел од жири комисии на натпревари и посветено работи на нови едиции на репертоарот за класична гитара. Организира настани, фестивали и натпревари посветени на неговиот инструмент. Бил уметнички директор на фестивалот „Висани“ во Грција како и на Фестивалот во Рамшеид (Германија), а моментно е уметнички директор на Фестивалот за гитара во Вупертал (Германија) како и на Мајсторските курсеви во Михаелбауерн (Австрија). Бил професор на Академијата „Франц Лист“ во Вајмар, на Државниот конзерваториум во Солун, а од 2009 година е професор на Универзитетот во Келн. Голем број од неговите студенти се успешни уметници и предаваат низ целиот свет. Герхард Рајхенбах настапува на инструменти од Томас Хамфри (милениум модел) и од Томас Мерц. Исто така, е уметник поддржан од брендот на жици за гитари Д’Адарио.
Programme:
Johann Kaspar Mertz: An die Entfernte (To my distant one)
Mauro Giuliani: Sonata Eroica op. 150
Allegro maestoso
Johann Kaspar Mertz: Fantasie Hongroise
Johann Sebastian Bach Partita E-flat Major, BWV 825
(after the first piano partita)
Präludium-Allemande-Corrente-Sarabande-
Menuett 1&2-Gigue
–intermission-
Isaac Albeniz: Cadiz
Capriccio catalán
Torre bermeja
Frederico Moreno-Torroba from Piezas caracteristicas:
Preambulo
May Song
Oliveiras
Joaquin Rodrigo Tres piezas espanolas
Fandango
Passacaglia
Zapateado