Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, денеска во знак на благодарност за долгогодишната успешна соработка со Винарската визба „Тиквеш“ и компанијата „М6“ на претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски, му додели плакета-благодарница. „Вашата несебична подршка ја олеснува реализацијата на оваа најголема културна манифестација но и придонесува кон збогатување на програмската историја на Фестивалот. Благодарение на реномето на овој фестивал но и помошта на верните пријатели, спонзори и помагатели успеваме на сцената да ги донесеме најголемите светски врвни уметници“, рече Поповиќ.
Според неа „Охридско лето“ има чест но и привилегија да ги има најверните подржувачи кои преку љубовта кон уметноста го градат патот кон поголем културен развој. „Она што го оставаме зад себе ќе остане како неизбришлив паметник за идните генерации а Вашата заслуга во тој дел е непроценлива. Во надеж дека нашата соработка ќе продолжи и следните години и заедно ќе ја градиме богатата културна традиција, „Охридско лето“ Ви укажува искрена и голема благодарност но и ви посакува да останете мисионери на културата“, порача Поповиќ.