Стенд-ап освежување од актерот Ѓуричко за фестивалската публика

Српскиот актер Никола Ѓуричко вчеравечер на сцената „Долни Сарај“  за публиката на фестивалот „Охридско лето“ приреди стенд-ап шоу под наслов „Шоу биз“.

Станува збор за негов втор ваков проект пред претходниот  успешен стенд-ап од пред три години  „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“.  

На хумористичен начин, Ѓуричко раскажуваше интересни детали од неговиот  живот и како што самиот вели, станува збор за „некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето“.

Тој е еден од позначајните српски, регионални, но и холивудски  актери кој активно работи на холивудските проекти веќе подолго време.