„Пијано Трио“

Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа

Марјан Милошевски – фагот

Петар Макариевски – пијано

 

Пијано трио е составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска-Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, и пијанистот Петар Макариевски – уметнички соработник при ФДУ, кои ги здружија своите сили во 2014 година.

Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желбата за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоењето на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведба на дела кои не се само за соло инструмент туку во соработка со други инструменти.

Формацијата на овој ансамбл овозможува широк спектар на репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман,  В. А. Моцарт, Ф. Пуланк, Г. Ф. Хендл,  А. Вивалди, А. Рајхенауер, Л. В. Бетовен,  М. Глинка, се само дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото кој постојано се збогатува со нови композиции.

Својот прв настап Триото го имаше на концертот  и промоцијата на ЦД-то  во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје. Следуваат концерти во Демир Капија, Куманово, Виница,  Kрушево,  Прилеп,  Гевгелија,  Берово, Делчево,  Кочани и  Нови Сад. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а делата и изведбата на Триото секогаш наидуваат на одушевување кај публиката. Во 2022 година македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов напишаа дела специјално за „Пијано трио“, а истите својата светска премиера ја имаа на Фестивалот за камерна музика во Нови Сад – Европски град на културата за 2022 година. Во ноември 2022 година „Пијано трио“ настапи со рецитална програма на фестивалот „Есенски музички свечености“ со дела од светската литература. Во 2023 година композиторите  Костадин Делиниколов и Горан Начевски  посветија свои композиции  на  „Пијано трио“ кои имаа светска премиера на ДММ 2023 година. Во јули 2023 година триото настапи со целовечерен концерт на реномираниот  фестивал „Охридско лето”.  Истата година во септември триото настапи со целовечерен концерт во Македонскиот културен центар во Истанбул исклучиво со дела на македонски композитори. Во 2024 година  „Пијано трио“ го одбележа својот  десетгодишен јубилеј со  целовечерни концерти во Виница, Офицерскиот дом во Битола, фестивалот на СМУМ „Златна лира“ и КИЦ на РСМ во Загреб.  Во 2024 година триото ја доби наградата „Георги Божиков” која ја доделува СОКОМ, за низата успешни концерти во земјата и странство со дела од македонски композитори.

Она што го карактеризира „Пијано трио“ како состав се истенчниот и моќниот звук, интерактивноста, прецизноста во изведбата, индивидуалноста и виртуозноста на музичарите.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

16 Авг 2025

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *