Ансамбл „Алтус“ – С. Македонија
Aнсамбл „Алтус/Нов здив“
Ана Спасовска – диригент
Гонца Богоромова Краповски – сопран
Елена Стојческа – флејта
Игор Иванов – кларинет
Роман Петиот – гитара
Маријана Николовска – пијано
Мартин Димитров – виолина
Александар Лаовски – виола
Паскал Краповски – виолончело
Ансамблот „Алтус/Нов здив“ е проект од особено значење за националната култура како ансамбл кој се грижи за изведбата, афирмацијата и зачувувањето на класичното и современото музичко творештво во Македонија. Членовите на ансамблот се истакнати изведувачи кои следејќи ги стапките на домашните пионерски ансамбли, потребата за домашна и меѓународна афирмација на македонското творештво ја остваруваат со формирањето на „Алтус“.
Од почетокот ансамблот беше одлично пречекан од стручната јавност по што следеа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во 2021 и 2022 година, на Универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург, Австрија, на фестивалите „Музикал ду Киберон“ (Musicales du Quiberon) во Киберон, Франција, на „Динамик Фест“ (Dynamik Fest) во Салзбург, Австрија, на „Денови на македонска музика“ во Скопје, на Конзерваториумот „В.А. Моцарт“ во Париз, на „Composers Festival“ во Приштина и на „Скопско лето” во Скопје, остварувајќи премиерни изведби на домашни композитори, како и изведби на дела од ризницата на светското музичко наследство.
Со оваа дејност, ансамблот се етаблира како рамка за соработка меѓу културните институции, ансамбли и фестивали, со етаблирани домашни и странски композитори, инструменталисти-изведувачи и студенти по композиција.
Ансамблот е добитник на наградата „Георги Божиков“ за 2024 година, која ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори.

