Свечено затворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ Мјузикл „Као какaо“

Мјузикл КАО КАКАО

По текст на Венко Андоновски

Режија: Дејан Пројковски

Музика: Влатко Стефановски

Продукција: Bagi Communications

 

Као какао“ е современ македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно со притисоците на средината. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со невидливите граници на системот, стереотипите, сопствените стравови и моментот кога животот почнува да бара компромиси. Претставата зборува за генерацијата која верува дека светот ѝ припаѓа и која, во обидот да успее, постојано се судира со правилата, очекувањата и ограничувањата на времето во кое живее.

Со голем актерски ансамбл и со музиката на Влатко Стефановски како нејзин централен двигател, „Као какао“ создава сценски свет исполнет со љубов, амбиција, бунт и стремеж кон слобода.

 

Улоги:

Владимир Петровиќ

Катерина Јовановиќ

Стефан Спасов

Григор Јовановски

Рубенс Муратовски

Нина Елзесер

Ања Митиќ

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска

Јордан Симонов

Антонио Ташковски

Дениз Абдула

Јована Миладинова

Тања Кочовска

Јована Спасиќ

Димитар Паскоски

Илин Јовановски

Анастасија Трајковска

Тодор Стојковски

Бранко Михајловски

Леонида Гулевска

Ѓорге Нешковиќ

Анастасија Митровска

 

Текст и драматургија: Венко Андоновски

Музички аранжмани и оркестрација: Бобан Мирковски

Кореографија: Олга Панго

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Марија Пупучевска

 

Претставата трае 2 часа.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

20 Авг 2026

Time

21:00

Cost

MKD600.00

Labels

драмска програма

Location

Центар за култура „Григор Прличев“
Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *