ЏЕЗ вечер; Нубаја Гарсија – Велика Британија
Нубаја Гарсија – саксофон (Велика Британија)
Питер Сомуа Бенд (Холандија/Германија)
Фестивалската сабота ја предводи светската ѕвезда на новата британска џез-сцена –Нубаја Гарсија, едно од најзначајните имиња на современиот европски џез.
Нубаја Гарсија е британска саксофонистка, композиторка и бендлидерка, глобално препознатлива по својот моќен тон и иновативен пристап кон џезот. Нејзината музика обединува џез, афробит, карипски ритми и современа урбана енергија. Настапувала на најголемите светски фестивали и важи за едно од водечките имиња на новата генерација.
Во истата вечер ќе настапи и Питер Сомуа со својот бенд, со концертна промоција на неговиот најнов албум објавен за престижната издавачка куќа „АКТ“.
