СООПШТЕНИЕ за балетската претстава „Кармен свита и Болеро“

Ве известуваме дека поради најавените врнежи од дожд во периодот кој следи, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Операта и балетот „Мадленијанум“ од Србија, која е на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 22.07.2026 година, наместо на сцената Долни Сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Промената на локацијата е направена со цел на публиката и уметниците да им се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на настанот, согласно најавите за врнежливо време.

Ви благодариме за разбирањето и ве очекуваме на ова исклучително балетско доживување.