А1 Македонија и „Охридско лето“ – Културна врска што трае

Некои приказни започнуваат како свеж бран, а потоа прераснуваат во врска што трае.

Партнерството меѓу А1 Македонија и „Охридско лето“ започна со „Свеж бран култура“ – кампања што донесе нова енергија и ја отвори културата кон поширока публика. Инспирирана од ритамот на Охрид и од уметноста што секое лето го исполнува градот, таа нè потсети дека културата е жива, блиска и секогаш подготвена да нè допре на нов начин.

Од тој бран се роди „Културна врска“ , платформа што ги спојува традицијата и современото, уметниците и публиката, нашите корени и генерациите што доаѓаат.

Затоа што културата не живее само на сцената. Таа останува во тишината по последниот тон, во разговорите по спуштањето на завесата и во чувството дека сме биле дел од нешто поголемо од нас. Таа патува, се менува и повторно нè наоѓа секогаш поинаква, а сепак блиска и препознатлива.

„Партнерството со ‘Охридско лето’ за нас е многу повеќе од поддршка на еден фестивал. Тоа е можност да создаваме простор во кој уметноста ќе допре до повеќе луѓе, традицијата ќе добие нов глас, а заедничките културни доживувања ќе нè поврзат уште посилно. Од ‘Свеж бран култура’ до ‘Културна врска’, ја продолжуваме приказната со иста верба , дека културата е една од највредните врски што можеме да ги градиме“, вели Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Ова лето, „Културна врска“ доби и своја мелодија. „Билјана платно белеше“, песна длабоко врежана во нашата колективна меморија, доби ново музичко руво во соработка со Националниот џез оркестар. Познатите тонови се сретнаа со слободата на џезот и создадоа звук што го носи минатото, а му припаѓа и на денешното време.

„Со новата верзија на ‘Билјана платно белеше’ не сакавме само да ја зачуваме традицијата, туку да ѝ овозможиме повторно да нè изненади. Кога нешто што го носиме во себе ќе го слушнеме на нов начин, сфаќаме дека културата не е спомен од минатото таа е жива врска што постојано се обновува“, додава Толевска.

Од енергија што раздвижува до блискост што останува, партнерството меѓу А1 Македонија и „Охридско лето“ продолжува да создава нови средби, нови емоции и нови спомени.

А1 Македонија и „Охридско лето“ – Културна врска што трае.