Каде е пиштолот? од: Габор Ѓори режија: Дејана Николовска
НУЦК „Григор Прличев“, Народен театар-Охрид
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четворица луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четворица од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!
Дејана Николовска- режисер
Дејана Николовска е втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театрска уметност (после Иван Поповски). Родена е во Скопје 1981 г. На режисерскиот факултет на ГИТИС се запишува во 2000 г. во класата на Проф. Леонид Хеифец. Во 2003 г. како студент во трета година ја поставува претставата „Семејни приказни“ од Биљана Србљанович која ја добива наградата за најдобра режија меѓу студентските престави во Русија. Од 2005 – 2009 г. работи како асистент-педагог на катедрата за режија во класите на професорите Олег Кудрјашов и Леонид Хеифец. Моментално ги завршува магистарските студии и е слободен уметник. Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана“ (220 епизоди) за Првиот канал на Руската Националана Телевизија. Исто така има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.
Режија- Дејана Николовска
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Улоги:
Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
https://www.kupikartizase.com/Events/kade_e_pistolot_2019