„Кина во моите очи“ – Изложба на фотографии
Годинава се навршуваат 70 години од создавањето на Народна Република Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Македонија, организира изложба на фотографии на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Н. Р. Кина. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во Скопје, Охрид, Битола и други места низ Македонија и има за цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството меѓу Кина и Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата или студирале, работеле или ја посетиле Кина. Фотографиите ќе бидат тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“,
„Животот на луѓето во Кина“.
Иницијативата за оваа изложба како и нејзината организација е на Амбасадата на Н. Р. Кина, Општина Охрид и Охридско лето.