Христос Гримпас-виолончело; Џорџ Емануел Лазаридис-пијано, Грција
Програма:
С. Рахмањинов: Соната за виолончело оп. 19
-Lento – Allegro moderato
-Allegro scherzando
-Andante
-Allegro mosso
М. Мусоргски: „Слики од изложба“ (соло пијано Џорџ Емануел Лазаридис)
-Променада I
– Гном
-Променада II
– „Стариот замок“
-Променада III
– „Градините Тјулери“
– „Бидло“
– Променада IV
– „Балет на пилињата во лушпи“
-Самуел Голденберг и Шмул
-Променада V
-Пазарот во Лимож
-Римски катакомби- „Со мртвите на мртов јазик“
– „Баба Јага“
– „Портите на Киев“
Христос Гримпас-виолончело
Христос Гримпас студиите ги започнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар како и на Оркестарот на Европската Унија.
Добитник е на повеќе награди и признанија како оние од Пан-Хеленскиот натпревар за млади солисти како и од натпреварот за камерна музика „ХелЕкспо“, а исто така е наградуван од фондациите „Александра Трианти“ и „Александрос Оназис“. Како солист со окрестар настапува со Државниот оркестар на Солун, со оркестрите во Харково, Теплице, Днипине и Запорожје, како и со оркестарот „Синфониета“ од Софија. Со Симфонискиот оркестар на грчкото радио остварува две снимки и тоа на Концертот за виолончело од Мартину во 2002 г. и на концертот за виолончело и биг бенд од Фридрих Гулда во 2018. Активен е на полето на музичката едукација и учествува во повеќе едукативни проекти. Од 2002 г. е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“ со кој настапува во музејот „Тејт Модерн“ во Лондон, во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.
Џорџ Емануел Лазаридис-пијано
Џ. Е. Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30 годишно присуство на интернационалната музичка сцена како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции.
Неговите ментори биле: Јонти Соломон, Алфред Брендел, и Домна Евнухиду, а студирал на Кралскиот колеџ за музика и „Тринити“ Колеџот во Лондон. Лазаридис е активен на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи кој го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други.
Настапува со филхармониските оркестри во Санкт Петербург, Хамбург, Стразбур, Варшава, Брно, со Кралската филхармонија во Лондон, со Филхармонијата на Француското радио како и со сите оркестри во Грција.
Студирал композиција со Едвин Роксборо, Христос Самарас и Дерил Рунсвик, а покрај неговите композиции за пијано пишува и музика за хор, за хор и пијано, како и музика за театар, балет и мултимедијални проекти. Од крупните дела познати се неговиот ораториум „Деисис“ за хор, пијано и оркестар како и неговиот Концерт за пијано и оркестар „Од мртвите“ кој е напишан во чест на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна. Џ. Е. Лазаридис е основач на повеќе културни институции и ансамбли како на пример: Здружението на уметници за мир, ансамблот „Киклос“ и др.
Во периодот од 2011-2013 бил директор на Интернационалниот фестивал „Деметриа“ во Солун, а од 2010-2019 бил уметнички директор на Организацијата на концертни сали во Солун, каде меѓу другото бил раководител на Интернационалниот детски хорски фестивал, и на едукативниот проект „МОЈСА“ инспириран од моделот на ел-система и наменет за хористи на возраст од 8 до 25 години. Во моментов е редовен професор и директор на Државниот конзерваториум за музика во Солун.
https://www.kupikartizase.com/Events/hristosgrimpas_