И ова лето уметниците на Охридско лето ја слушнаа приказната за древниот Охрид
И покрај пандемијата, уметниците на фестивалот Охридско лето и годинава имаа прилика да ја слушнат приказната за древниот Охрид и да понесат незаборавнни спомени. Голем дел од нив прошетаа по културно историските споменици низ Стариот дел на градот со професионален туристички водич. Слушнаа за средновековните цркви, за старата градска архтекрура, се вратија во римско време на Античкиот театар, прошетаа по старата калдрма, каде секое камче раскажува вековна приказна…..
„Иако повеќе пати сум бил во Охрид, секоја прошетка за мене е ново доживување. Вистина уживам во овие неповторливи убавини на Охрид. Слушнав за најстарото езеро во Европа, за првиот универзитет, едноставно сум воодушевен и благодарен на фестивалот за ова прекрасна можност за мене“, рече Клемен Хвала виолончалист од Словенија, при прошетката во Охрид.
Дел од уметниците се запознаа со производителите на брендираните охридски производи бисери, филигран и кожа. А го посетија и најстарото дрво во Охрид, познатиот охридски Чинар стар векови за кој се смета дека го засадил лично Свети Климент Охридски.
„Фасциниран сум. Не сум знаел дека Охрид е една од најстарите населби во Европа, дека има 365 цркви, два светители кои во исто време твореле и уште многу приказни , кои ги слушнавме од професионалниот туристички водич. Презадоволен сум и побогат за нови интересни информации“, рече Јанез Подлесек виолинист.
Светски познатиот пијанист Кемал Ѓекиќ кој живее и твори во Хрватска е голем вљубеник во Охрид.
–„Јас прв пат тука дојдов 1985 година и повеќе пати сум учествувал на фестивалот, но не во последно време. Враќањето овде е емотивно имам многу пријатели во Охрид и самиот град не знам кој епитет да го најдам да го опишам да речиме дека тој е еден архитектурно природно историски бисер, еден драгоцен камен и едно свето место одбрано од старите времиња да се изградат тука стотина храмови, Има посебна геомагнетска позиција. Благодарност до Охридско лето за оваа прилика“, рече Кемал Геќиќ светски познат пијанист.
Воведувањето прошетки со туристички водич за уметниците на фестивалот Охридско лето од минатата година се покажа како успешен проект, преку кој се врши силна промоција на културно историското богатство на Охрид.