Новости

Елаис и Барбаџелата ја воодушевија публиката со импресивната изведба на безвремените арии и канцони

Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со […]

Елаис и Барбаџелата ја воодушевија публиката со импресивната изведба на безвремените арии и канцони Read More »

„Охридско лето“ со новогодишен концерт како подарок за публиката

Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат

„Охридско лето“ со новогодишен концерт како подарок за публиката Read More »

ОХРИДСКО ЛЕТО И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Директорот на Македонската филхармонија, г-дин Мустафа Имери, и директорот на фестивалот „Охридско лето“, г-дин Ѓорѓи Цуцковски потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдува рамката за заеднички активности и унапредување на културната соработка меѓу двете институции. Овој меморандум претставува основа за реализација на идни проекти од заемен интерес, со цел понатамошно развивање и промовирање на

ОХРИДСКО ЛЕТО И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Read More »

БУРНИ ОВАЦИИ И БИСЕВИ ЗА „ПРОФУНДИС“ И ПЕЈЧИЌ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ  преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“. Бројната публика што ја исполни големата сала во Македонската филхармонија во Скопје ги награди уметниците со бурни оваации и повеќе бисеви. Безвременото музичко патување  насловено „Timeless“  под  диригентската палка на

БУРНИ ОВАЦИИ И БИСЕВИ ЗА „ПРОФУНДИС“ И ПЕЈЧИЌ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ Read More »

БЕЗВРЕМЕНО МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО СО ПРОФУНДИС И НОВАТА СВЕТСКА ЅВЕЗДА ПЕТАР ПЕЈИЌ

Во организација на НУ „Охридско лето“ утре, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. „Концертот насловен како „Timeless“ ќе

БЕЗВРЕМЕНО МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО СО ПРОФУНДИС И НОВАТА СВЕТСКА ЅВЕЗДА ПЕТАР ПЕЈИЌ Read More »

„Охридско лето“ и А1 Македонија – синергија помеѓу корпоративната одговорност и културната традиција

Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“  на 29 ноември во Македонската филхармонија  преку концертот на  Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Оваа национална установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден  пост-фестивалски концерт на 20 декември  во Центарот за култура во

„Охридско лето“ и А1 Македонија – синергија помеѓу корпоративната одговорност и културната традиција Read More »

КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, СОВРШЕНА МАГИЈА ПОД СВЕЌИ СО ПРОФУНДИС И НОВАТА СВЕТСКА ЅВЕЗДА ПЕТАР ПЕЈИЌ

Во организација на НУ „Охридско лето“ на 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. Концертот насловен како

КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, СОВРШЕНА МАГИЈА ПОД СВЕЌИ СО ПРОФУНДИС И НОВАТА СВЕТСКА ЅВЕЗДА ПЕТАР ПЕЈИЌ Read More »

Спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“

Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство

Спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“ Read More »

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја

НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е  интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја Read More »

Европската премиера на „Електра“ ќе го затвори 65. издание на „Охридско лето“

Со европска премиера на театарската  претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски , копродукциски проект на Театарската асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и НУ „Охридско лето“, вечерва се спушта завесата на јубилејното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата ќе се одигра на сцената во Центарот за култура

Европската премиера на „Електра“ ќе го затвори 65. издание на „Охридско лето“ Read More »