Новости

Магично патување од срцето на Балканот до Шпанија

Звуците од кастењетите на  прекрасната уметница Луцеро Тена и на харфата од Гзавије де Местре вчеравечер создадоа вистинска магија во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“ на Шпанската вечер што се организира традиционално, секоја година на фестивалот „Охридско лето“. Шпанската вечер на отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.С.Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој рече дека […]

Магично патување од срцето на Балканот до Шпанија Read More »

Многубројната публика  на „Охридско лето“ пулсираше во духот на афробит ритамот

Сцената  „Долни Сарај“ вчеравечер беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“  кој го одржаа  Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Кути, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика, е најмладиот син на пионерот на

Многубројната публика  на „Охридско лето“ пулсираше во духот на афробит ритамот Read More »

Светски познатиот виртуоз на пијано Плетњов одржа концерт за паметење на Охридско лето

Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Плетњов изведе избрани дела на Бах, Шуман и Григ. Неговото маестрално музицирање, брилјантната техника и нагласениот музички сенс беа наградени со долготраен аплауз и стоечки овации. Плетњов на годинешново јубилејно

Светски познатиот виртуоз на пијано Плетњов одржа концерт за паметење на Охридско лето Read More »

Овации за ангелските гласови од српскиот хор  „Свети Серафим Саровски“

Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин  вчеравечер беше посебно доживување за публиката  на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот. Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален  ансамбл, совршено се вклопи  во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни

Овации за ангелските гласови од српскиот хор  „Свети Серафим Саровски“ Read More »

Британската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт со наслов „Романсата сѐ уште не е мртва“

„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше наслов на концертот што вчеравечер во рамки на Британската вечер на 65. Издание на „Охридско лето“ го одржаа британскиот  виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“. Романтичната вечер која од почетокот ѝ ветуваше  на публиката неповторливо музичко доживување што долго ќе се памети, започна

Британската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт со наслов „Романсата сѐ уште не е мртва“ Read More »

Кинеска вечер на „Охридско лето“ исполнета со емоции, топлина о совршена хармонија

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на уметници од Кина кои на публиката и приредија незаборавна ноќ. Во црквата „Света Софија“ настапија флејтистите Јуе Гуангхуи и Веи Ванг, пијанистката Хоу Јуан, како и лирскиот мецосопран Аи Ву. На репертоарот беа дела од кинески и француски композитори:Габриел Форе, Морис Равел,  Камиј Сен-Санс,

Кинеска вечер на „Охридско лето“ исполнета со емоции, топлина о совршена хармонија Read More »

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“-приказна за егзилот и траумата на малите народи и култури

Култната театарска претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во адаптација и режија на Радмила Војводиќ, а во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица  вчеравечер беше на драмскиот репертоар на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ играа Варја Џукиќ, Ана Вучковиќ, Дејан Иваниќ, Изудин Бајровиќ, Горана Драгашевиќ,

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“-приказна за егзилот и траумата на малите народи и култури Read More »

Импресивен роденденски концерт на „Охридско лето“ со ангелскиот глас на Ана Дурловски

Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан,    вчеравечер пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, честитајќи им го роденденот на  вработените во оваа национална установа,

Импресивен роденденски концерт на „Охридско лето“ со ангелскиот глас на Ана Дурловски Read More »

„Охридско лето“ денеска одбележува 65 години

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која ќе настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, вечерва ќе биде одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“.  Пригодната концертна програма ќе се одвива во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, таму каде штои започна целата приказна наречена „Охридско

„Охридско лето“ денеска одбележува 65 години Read More »

Концерт на „5+ Бенд“- Илинденски подарок за најмладата публика на „Охридско лето“

Најмладата публика на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на сцената „Долни Сарај“  пееше, играше и се радуваше на детските хитови испеани од познатиот „5+ Бенд“ . Концертот, како што вели актерката Сања Арсовска која го игра ликот на Лина во серијата „5+ Фамилија“  е потсетување за најмладата публика за вредностите коишто треба да се негуваат. -Едно

Концерт на „5+ Бенд“- Илинденски подарок за најмладата публика на „Охридско лето“ Read More »