Новости

Австриска вечер на „Охридско лето“  со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук вечерва  од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапи на  „Охридско лето“. Концертот се организира во рамки на традиционалната Австриска вечер на фестивалот што секоја година се одржува со поддршка на Австриската амбасада во Скопје и Casinos Austria. Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук […]

Австриска вечер на „Охридско лето“  со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук Read More »

ЕУ вечер на „Охридско лето„ со квартетот „Модиљани“

Програмата на класична музика на 65. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на францускиот квартет „Модиљани“ кој ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот, во рамки на традиционалната Вечер на Европска унија. Овој квартет го сочинуваат виолинистите Амари Сојто  и Лоик Рио ,виолончелистот Франсоа Кифер и Лорaн Марфан кој свири на виола.

ЕУ вечер на „Охридско лето„ со квартетот „Модиљани“ Read More »

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек Read More »

Охридско лето отсега достапно и на Appstore и на Play store

Сите информации за фестивалот „Охридско лето“ отсега се достапни и на апликацијата Ohrid Summer Festival 2025 за корисниците на Аndroid и IOS уреди. Корисниците на ваквите уреди ќе можат да ја следат програмата на годинешното фестивалско издание како и информациите во врска со нејзината реализација. Апликацијата ја изработи агенцијата за изработка на мобилни апликации Ovdevo.

Охридско лето отсега достапно и на Appstore и на Play store Read More »

Монодрамата „Сите најубави нешта„ ја разнежи, ја насмеа но и ја замисли публиката за најубавите нешта во животот.

Во автентичен и уникатен простор во Форт кафе во Охрид, во рамките на фестивалската програма на Охридско лето, синоќа беше изведена монодрамата „Сите најубави нешта“ работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО. Игор Ангелов пред публиката на „Охридско лето“ покажа дека со право го носи епитетот на еден од нашите најдобри актери

Монодрамата „Сите најубави нешта„ ја разнежи, ја насмеа но и ја замисли публиката за најубавите нешта во животот. Read More »

Силјановска-Давкова: „Охридско лето“ е нашето скапоцено уметничко огледало

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи  и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“,  виртуозноста на уметниците беше оплеменета со

Силјановска-Давкова: „Охридско лето“ е нашето скапоцено уметничко огледало Read More »

Утре започнува 65. „Охридско лето“

Под мотото „Трансформација на сетилата“  , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа  да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.

Утре започнува 65. „Охридско лето“ Read More »

Директорот Цуцковски ја претстави програмата на 65. „Охридско лето“  пред  делегатите на ЕФА

По објавувањето на програмата на Фестивалот „Охридско лето 2025“ на нешто помалку од три месеци, директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски фестивалската програма ја презентира и пред  делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) што се одржува од 27 до 30 април во Единбург, Шкотска. „Посебно сум горд што работејќи посветено и професионално, успеавме 

Директорот Цуцковски ја претстави програмата на 65. „Охридско лето“  пред  делегатите на ЕФА Read More »

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. „Охридско лето“

Американска пијанистка со блескава уметничка кариера,  Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. Ова денеска го обелодени директорот на Националната установа „Охридско лето“ , Ѓорги Цуцковски, на прес-конференција на која беше промовирана програмата на годинешното фестивалско издание. -За свеченото отворање под наслов

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. „Охридско лето“ Read More »

Цуцковски: Значајна финансиска поддршка од Министерството за култура за реализација на врвна програма

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. „Годинава

Цуцковски: Значајна финансиска поддршка од Министерството за култура за реализација на врвна програма Read More »