Новости

Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“

Младата, но мошне талентирана македонска пијанистка Мимоза Ќека вчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи рецитал под акустичните сводови на црквата „Света Софија“. Музичката критика вели дека „..нејзината изведба се одликува со јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“ што впрочем се […]

Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“ Read More »

Вечер што долго ќе се памети со светскиот виртуоз на уд Џозеф Тавадрос

Прекрасна вечер на „Охридско лето“ приреди големиот египетско-австралиски виртуоз на инструментот уд и композитор Џозеф Тавадрос кој донесе возбудлива програма со оригинална музика чиј автор е самиот тој. Роден во Каиро, а израснат во Австралија, Тавадрос е една од најимпресивните и најхаризматичните фигури на австралиската музика. Со виртуозната техника и авантуристичката љубопитност беспрекорно ги обединува

Вечер што долго ќе се памети со светскиот виртуоз на уд Џозеф Тавадрос Read More »

Концерт за пијано со Мимоза Ќека

Реномираната македонска пијанистка Мимоза Ќека вечерва ќе одржи целовечерен концерт на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот, ќе изведе дела од Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист. Пијанистката Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во

Концерт за пијано со Мимоза Ќека Read More »

Рецензија: Трио „Аура“ со концертна ревија од допадливи пиеси

Фестивалот „Охридско лето“ игра посебно важна улога во афирмацијата на македонските музички уметници во сферата на класичната музика, како и во претставување на современото македонско музичко творештво. Тоа е нашиот најпрестижен подиум со гостувања на врвни уметници од целиот свет, но и бројна интернационална публика што со задоволство ги следи програмските содржини на фестивалот. Без

Рецензија: Трио „Аура“ со концертна ревија од допадливи пиеси Read More »

„Декамерон“ – претстава за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух

Прилепските актери од Театарот „Војдан Чернодрински“  вчеравечер на фестивалската сцена Долни Сарај во рамки на драмската програма на „Охридско лето“  ја донесоа театарската претстава „Декамерон” од Џовани Бокачо, во режија Мартин Кочовски. Станува збор за претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно

„Декамерон“ – претстава за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух Read More »

Во „Света Софија“ концерт на светскиот виртуоз на уд, Џозеф Тавадрос

Водечкиот светски виртуоз на инструментот уд, Џозеф Тавадрос, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот ќе бидат негови авторски композиции. Тавадрос е водечки виртуоз на инструментот уд, композитор и добитник на седум награди „Арија“ кои ги доделуваат претставниците на музичката

Во „Света Софија“ концерт на светскиот виртуоз на уд, Џозеф Тавадрос Read More »

УБАВ КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКАТА ПИЈАНИСТИЧКА ИНТЕРПРЕТАТИВА

Во широката палета на концертни можности кои ги нуди пијаното, со атрактивната компонента за слушателите и техничките и интерпретациските предизвици за изведувачите, една од попримамливите форми, секако е четирирачното пијано или концертирањето на две или повеќе пијана. Негувајќи го овој начин на изведба, но истовремено, внимавајќи тоа да биде донесено на висококвалитетно ниво, музичката програма

УБАВ КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКАТА ПИЈАНИСТИЧКА ИНТЕРПРЕТАТИВА Read More »

Млади уметници ги усовршуваа музичките вештини под водство на професорите Перцан и Гулијева

Млади, но исклучително талентирани ученици од музичките училишта од повеќе земји годинава учествуваа на Меѓународниот семинар по барокна музика, виолина, виола и камерна музика што под раководство на професорите Емилио Перцан и Тамара Гулијева се одвиваше изминатите денови во Охрид. Тие вчеравечер ги покажаа стекнатите вештини над своите музички инструменти на завршниот концерт што секоја

Млади уметници ги усовршуваа музичките вештини под водство на професорите Перцан и Гулијева Read More »

Трио „Аура“- извонредни промотори на македонскиот композиторски опус

Реномираното камерно трио „Аура“  вчеравечер приреди вистинско уживање за публиката на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи концерт во црквата „Света Софија“. На репертоарот беа дела од Лефевр, Доницети, Коетсиер, Шокер, Бифтинк, но и композицијата „Ој ти момче, охриѓанче“ од Иван Терзиев во аранжман на Владимир Димовски. Пијанистката Ана Гацева, флејтистот Страшо Темков и фаготистот Марјан Милошевски

Трио „Аура“- извонредни промотори на македонскиот композиторски опус Read More »

Рецензија: Алексеј Ботвинов, пијанист со најсуптилни длабочини во интерпретацијата

Украинската вечер, што „Охридско лето“ ја организира во соработка со Украинската амбасада во РС Македонија, на годинешниов фестивал помина во знакот на еден од најистакнатите современи украински пијанисти, Алексеј Ботвинов. Во „Св. Софија“, уметникот се претстави со целовечерен солистички рецитал. А публиката, што речиси целосно го исполни просторот во црквата, имаше привилегија да ужива во

Рецензија: Алексеј Ботвинов, пијанист со најсуптилни длабочини во интерпретацијата Read More »