Новости

РЕЦЕНЗИЈА: Омаж за македонските композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски на „Охридско лето“

Еден од востановените стандарди при креирањето на програмските содржини на фестивалот „Охридско лето“ се концертни вечери посветени на творештвото на македонските современи композитори со учество и на македонски репродуктивни уметници. Тоа е пракса што секако треба да се негува и да опстојува и во иднина заради фактот дека фестивалот е најзначаен концертен подиум со интернационално […]

РЕЦЕНЗИЈА: Омаж за македонските композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски на „Охридско лето“ Read More »

Со концерт на швајцарски уметници одбележани три децении од воспоставувањето на  дипломатските односи помеѓу Швајцарија и Македонија

Еден од најдобрите интерпретатори  на музиката на Сергеј Рахмањинов, пијанистот Алексеј Ботвинов, вчеравечер одржа извонреден концерт заедно со неговите колеги виолинистот Себастијан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. На внимателно избраниот репертоар за летната охридска ноќ беа моцартовата „Соната за виолина и пијано во е-moll K.304“, потоа следуваше  „Сонатата за виолончело и пијано бр.1 во e-moll

Со концерт на швајцарски уметници одбележани три децении од воспоставувањето на  дипломатските односи помеѓу Швајцарија и Македонија Read More »

„Охридско лето“ вечерва со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ

Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ вечерва од 21 часот ќе одржат концерт во црквата „Света Софија“  во рамките на музичкиот репертоар на „Охридско лето“. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг

„Охридско лето“ вечерва со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ Read More »

„Охридско лето“ и македонските уметници во спомен на истакнатите композитори Зографски и Стојчевски

Македонските уметници се носат рамо до рамо со светските, а доказ за тоа беше вчерашниот настап на фестивалот „Охридско лето“ на пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари, и виолинистот Васил Богоевски. Тие настапија на концертот што фестивалот го посвети на големите македонски композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Извонредните млади уметници кои своето музичко образование

„Охридско лето“ и македонските уметници во спомен на истакнатите композитори Зографски и Стојчевски Read More »

Рецензија: Возбудлива концертна вечер со македонските уметници Климент Тодороски и Марија Вршкова на „Охридско лето“

Во предвечерјето на големиот христијански празник Св.Климент Охридски, кога цел Охрид вибрира во знакот на својот заштитник, публиката на фестивалот „Охридско лето“ со нескриена возбуда го дочека концертот на реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодороски и пијанистката Марија Вршкова. Низ годините докажани во своите сфери на делување, а сега во зенитот на исполнителството, после подолг

Рецензија: Возбудлива концертна вечер со македонските уметници Климент Тодороски и Марија Вршкова на „Охридско лето“ Read More »

Швајцарска вечер на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински

Швајцарска вечер на „Охридско лето“ Read More »

КОНЦЕРТ ПОСВЕТЕН НА ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ И СТОЈЧЕ ТОШЕВСКИ

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите  Анастасија Грговска  и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски. Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски,

КОНЦЕРТ ПОСВЕТЕН НА ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ И СТОЈЧЕ ТОШЕВСКИ Read More »

Импресивна вечер на македонските уметници Вршкова и Тодороски со дела од Григ, Корсаков и Фролов

Прекрасна вечер ѝ приредија на публиката на „Охридско лето“, извонредните македонски уметници, пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Климент Тодороски. Под сводовите на акустичната црква „Света Софија“, тие ја изведоа „Сонатата оп. 45 c-moll“ од Едвард Григ, а потоа продолжија со преработка на делото „Шехерезада“  за виолина и пијано од рускиот композитор Николај Римски Корсаков и

Импресивна вечер на македонските уметници Вршкова и Тодороски со дела од Григ, Корсаков и Фролов Read More »

Вечерва концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова

Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го

Вечерва концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова Read More »

„Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња

„Радио“  и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на  книгите што вчеравечер во рамки на програмата на „Охридско лето“ ги промовира авторот, новинарот Љупчо Јолевски. Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја  споделија убавина на пишаниот

„Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња Read More »