Монодрамата „Сите најубави нешта„ ја разнежи, ја насмеа но и ја замисли публиката за најубавите нешта во животот.
Во автентичен и уникатен простор во Форт кафе во Охрид, во рамките на фестивалската програма на Охридско лето, синоќа беше изведена монодрамата „Сите најубави нешта“ работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО. Игор Ангелов пред публиката на „Охридско лето“ покажа дека со право го носи епитетот на еден од нашите најдобри актери […]