Новости

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“ наместо во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“

Поради лошите временски услови на почетокот од следната недела, проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица наместо во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 5 август со почеток во […]

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“ наместо во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ Read More »

УСПЕСИТЕ И ОДЛИЧНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 65. ОХРИДСКО ЛЕТО ВО ПРЕСТИЖНИОТ ТУРСКИ ТЕАТАРСКИ ВЕСНИК

Познатиот новинар Назиф Услу во престижниот турски печат „Театарски весник“ пишува за успесите и историјатот на Фестивалот „Охридско лето“ кој 65 години е успешна фестивалска сцена на која има уметници од целиот свет како и за квалитетната програма на годинешното јубилејно издание. Посебно воодушевен од условите и самата организација на Фестивалот но и од гостопримството

УСПЕСИТЕ И ОДЛИЧНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 65. ОХРИДСКО ЛЕТО ВО ПРЕСТИЖНИОТ ТУРСКИ ТЕАТАРСКИ ВЕСНИК Read More »

Вечер што ќе се памети со македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски

Енергичен и впечатлив настап на „Охридско лето“ имаше еден од најдобрите гитаристи на македонската, но и светската сцена, Дамјан Пејчиноски, кој вчеравечер беше дел од фестивалската програма заедно со неговиот квинтет, Дејан Милосављевиќ на  ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски, Горан Гешовски на бас-гитара и пијанистот Трајче  Станков. Програмата со којашто настапија и ѝ приредија на

Вечер што ќе се памети со македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски Read More »

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“

Вчерашниот концерт во рамки на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Во црквата „Света Софија“ настапи ансамблот „Загрепски солисти“ кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите кои, пак, ги наградија хрватските уметници со стоечки овации. Цели седум децении  успешна работа на ансамблот во голема

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“ Read More »

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија

Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“  музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.                 Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот  во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија Read More »

Прекрасен концерт на виолинистот Имеров и пијанистот Папиан

Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер  продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан. Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со  прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната  бр.9 A-dur оп.47

Прекрасен концерт на виолинистот Имеров и пијанистот Папиан Read More »

ПОРАДИ НАЈАВИТЕ ЗА ВРЕМЕНСКИТЕ НЕПРИЛИКИ КОНЦЕРТОТ НА ДАМЈАН ПЕЈЧИНОСКИ СЕ ПРЕФРЛА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Поради најавите за лошите временски услови во наредните денови проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер концертот на Дамјан Пејчиноски, кој е на 31 јули  во рамките на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“, наместо во Предворјето на „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со

ПОРАДИ НАЈАВИТЕ ЗА ВРЕМЕНСКИТЕ НЕПРИЛИКИ КОНЦЕРТОТ НА ДАМЈАН ПЕЈЧИНОСКИ СЕ ПРЕФРЛА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ Read More »

Чанаќевиќ: „Охридско лето“ за нас музичарите во Македонија е врвот на кариерата

Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вчеравечер се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со

Чанаќевиќ: „Охридско лето“ за нас музичарите во Македонија е врвот на кариерата Read More »

Импресивен настап на грчката пијанистка Данае Доркен

Младата грчко-германска пијанистка Данае Доркен  со своето вдахновено музицирање вчеравечер ја почести публиката на „Охридско лето“ со прекрасен концерт кој се одржа во рамки на Грчката вечер на фестивалот, поддржана од Амбасадата на Грција во нашата земја. Со својот возвишен пијанистички артизам,  Доркен вечерта ја започна  со една од нејзините омилени композиции, „Фантастична пиеса“  од

Импресивен настап на грчката пијанистка Данае Доркен Read More »

Холандска вечер со гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“

Гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“ вечерва ќе настапи во рамки на репертоарот на класична музика на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Виолинистите Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен, виолистката Санта Визине, виолончелистот Борис Недјалков, како и кларинетистот Арно Питерс се членови на Кралскиот

Холандска вечер со гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“ Read More »