Новости

Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ„Охридско лето“

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска […]

Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ„Охридско лето“ Read More »

Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ го затвори 64. Охридско лето

Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“  од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше

Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ го затвори 64. Охридско лето Read More »

„Алиса во земјата на стравовите“ ќе се одигра вечерва во 22 часот во Центарот за култура во Охрид

Поради временските неприлики, театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ со која треба да се затвори 64.издание на фестивалот „Охридско лето“, наместо на Античкиот театар, ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 22 часот..

„Алиса во земјата на стравовите“ ќе се одигра вечерва во 22 часот во Центарот за култура во Охрид Read More »

Важна информација за затворањето на 64. Охридско лето

Со оглед на временските неприлики, дополнителни информации за одигрувањето на претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која треба да биде затворено годинешново 64.Охридско лето, ќе бидат објавени во 20:00 часот на официјалната страница на фестивалот, www.ohridskoleto.com.mk и на социјалните мрежи.

Важна информација за затворањето на 64. Охридско лето Read More »

Француските уметници Ками Тома и Жулиен Брокал ја закружија музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Прекрасно музичко доживување за крај на класичниот репертоар на годинешното 64.издание на фестивалот „Охридско лето“ приредија француските уметници Ками Тома на виолончело и Жулиен Брокал на пијано вчеравечер во црквата „Света Софија“  во рамките на традиционалната Вечер на Европска унија. Двајцата уметници, виртуози на своите инструменти, со внимателно одбран репертоар на кој се најдоа композиции

Француските уметници Ками Тома и Жулиен Брокал ја закружија музичката програма на годинешното „Охридско лето“ Read More »

Поповиќ: Понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен фестивал

Годинешното 64.издание на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде затворено вечерва на Античкиот театар од 21 часот со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на  Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија, а во режија на еден од нашите најдобри режисери со меѓународно реноме, Александар Поповски. Осврнувајќи се на годинешното

Поповиќ: Понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен фестивал Read More »

Благодарница од Српската амбасада за директорката Поповиќ  за промоција на српската култура во земјава

Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија ѝ додели благодарница на директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ,  за нејзиниот голем придонес во промоцијата на српската култура во земјава. Благодарницата ѝ ја врачи амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јовановиќ, вчера, на одржувањето на Српската вечер на „Охридско лето“. -Почитувана госпоѓо

Благодарница од Српската амбасада за директорката Поповиќ  за промоција на српската култура во земјава Read More »

ЕУ вечер со челистката Ками Тома и пијанистот Жулиен Брокал

Традиционалната вечер на Европската унија на фестивалот „Охридско лето“  денеска од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на виолончелистката Ками Тома од Белгија и пијанистот Жулиен Брокал од Франција. Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ

ЕУ вечер со челистката Ками Тома и пијанистот Жулиен Брокал Read More »

Извонредните гласови на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ придружувани од пијанистот Миливоје Велјиќ одекнаа вчеравечер под сводовите на акустичната црква „Света Софија“.

Реномираните српски уметници  настапија во рамки на Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи познати арии од оперите на Бизе, Гершвин, Верди, Моцарт Сен-Санс, Маскањи, Пучини, како и дела од  Пјаф, Елета Алмаран, ди Куртис, Рота и ди Капуа за што беа наградени со бурни овации. Прекрасната ноќ беше затворена со феноменална изведба на познатата

Извонредните гласови на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ придружувани од пијанистот Миливоје Велјиќ одекнаа вчеравечер под сводовите на акустичната црква „Света Софија“. Read More »

„Лет над кукавичкото гнездо“ – мрачна  хумористична сатира за поединецот во репресивен систем

Актерите од  Драмскиот театар Белград  вчера на драмскиот репертоар од фестивалот „Охридско лето“  ја одиграа театарската претстава „Лет над кукавичкото гнездо“. Претставата пишувана според  романот на Кен Кесеј, а  режирана од Жанко Томиќ беше во знакот на големото враќање на актерот Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградскиот драмски театар.   Се работи  за мрачна хумористична сатира

„Лет над кукавичкото гнездо“ – мрачна  хумористична сатира за поединецот во репресивен систем Read More »