Aлександар Књазев – виолончело, Русија

Лауреатот на бројни интернационални натпревари, русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Роден е во Москва каде и го започнува изучувањето на инструментот виолончело на шест-годишна возраст под менторство на Александар Федорченко. Дипломира на Конзерваториумот во Москва во 1986 година, а потоа своите студии ги продолжува на Конзерваториумот во Нижни-Новгород, таму 5 години подоцна дипломира на одделот по оргули во класата на познатата Галина Козлова. Соработувал со извонредни диригенти – Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними Јарви. На полето на камерната музика негови партнери биле познатите руски имиња – виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет. Покрај изведувачката дејност, Књажев се занимава и со образовна дејност. Имено, тој е професор на Конзерваториумот во Москва, а редовно одржува и мајсторски-курсеви во Европа и Азија. Неговата дискографија вклучува снимки со Борис Березовски, Дмитри Мактин, Николај Лугански, Филхармонискиот оркестар на Санкт Петерсбург, изведувајќи ги притоа некои од најзначајните дела од литературата наменета за виолончело од композиторите:  Јохан Себастијан – Бах, Едвард Елгар, Сергеј Рахманинов, Фредерик Шопен и др.   Програма:   Јохан Себастијан Бах (1685-1750): Суита бр. 2  d -moll  BWV 1008
  1. Prélude
  2. Allemande
  3. Courante
  4. Sarabande
  5. Menuett
  6. Menuett
  7. Gigue
                                                              Суита бр. 3  D – dur, BWV 1068
  1. Ouverture
  2. Air
  3. Gavotte
  4. Gavotte
  5. Bourrée
  6. Gigue
                                                              Суита бр. 5 c -moll, BWV 1011
  1. Prélude
  2. Allemande
  3. Courante
  4. Sarabande
  5. Gavotte
  6. Gavotte
  7. Gigue
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2052