„Атараксија“ Љупчо Мирковски- диригент, композитор; Бобан Мирковски-пијано, Македонија
Програма:
Џ. Гершвин: „Рапсодија во сино“
Љ. Мирковски: „ Атараксија“ – поп симфонија за пијано и оркестар во четири става
Љупчо Мирковски- диригент, композитор
Љупчо Мирковски основното и средно музичко образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на инструменталниот отсек. Негов прв поважен настап е улогата во операта „Оџачарчето Сејм“ на сцената на Националната опера на која го игра главниот лик на оџачарчето Сејм. За прв пат се појавува на „Скопскиот фестивал“ во 1971 година на кој се претставува со песната „Арлекин“ и станува познат под тоа уметничко име до денес. Неговата прва композиција се изведува на фестивалот „Омладина“во Суботица во 1974 година, а првиот аранжман за помал состав го има напишано во 1977 година. Во текот на својата младост членувал во неколку домашни музички состави со кои настапува на манифестации како: „Скопски рок вечери“, Фестивал „Омладина“, фестивал „Опатија“, „ Скопски фестивал“, како и на првиот „ Скопски џез фестивал“ во 1982 година.
Мирковски својата долгогодишна работна кариера ја започнува како прв трубач на Танцовиот оркестар во МРТ, каде работи до денес. Во текот на работниот век остварува значајни резултати со Танцовиот оркестар на МРТ како трубач, композитор и диригент. Како композитор, аранжер и продуцент има остварено голем број на музички дела и соработки со познати домашни и странски музичари. Во текот на својата музичка дејност има напишано музика за театарски претстави, играни серии, филмови. Има напишано музика за повеќе од 200 џинглови, химни и рекламни спотови. Најголем дел од опусот на Љупчо Мирковски се повеќе од 200 композиции од областа на популарната музика, музика за деца, народна и инструментална музика за кои има освоено огромен број на награди. Мирковски како автор учествува на странски музички фестивали во земјите на поранешна Југославија, а се јавува и како автор на композиции на два компилациски албуми со инструментална музика за Mood spectrum Music Publishers од Лондон, Велика Британија.
Во текот на својата кариера бил директор на повеќе музички фестивали во неколку наврати и тоа: „Макфест“, уметнички директор на „Евровизија“ и „Евровизија за деца“, шеф на делегација на „Евровизија“,претседател на собрание на ЗАМП, директор на музичката продукција на МРТ итн.
Моментално работи како диригент на „Биг бендот “ и Ревискиот оркестар на МРТ, а како диригент соработува и со оркестарот „Баги биг бенд“.
Бобан Мирковски-пијано
Бобан Мирковски е роден 1991 година во Скопје. Основното и средното образование го завршува во МБУЦ “Илија Николовски -Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески, а во 2015 година ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Посетува мајсторски курсеви кај Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни
Ж. Захариева, Ј. Михајловиќ, Ф. Турисини, А. Леимони, Б. Романов и др. Има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено награди на голем број домашни и меѓународни натпревари како две први награди и лауреат на натпреварот „Арс Косова“ во Приштина, прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград, трета награда и награда за највиртуозен изведувач на натпреварот „Музиката и земјата“ во Софија . Настапува како солист со Филхармонијата на Северна Македонија , а со музички рецитаи настапува во Сан Даниеле (Италија, Босковице (Чешка), Вашингтон (САД) како и на концерти во градовите низ Р.Северна Македонија.
Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“.