Еуген Сковородников – пијано, Канада
Критиката го опишува како изведувач со „извонредна изведувачка техника“, „неспоредлива елеганција и волшебна моќ“, „совршено мајсторство во свирењето и истенчено чувство за стил“. Еуген Сковородников додипломските студии ги завршил во 1981 година на Државниот универзитет за уметности во Харков, Украина, а постдипломските на Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. По завршувањето тој останува да работи во оваа институција сè до 1990 година, кога ја напушта земјата. Во 2006 година, за своите достигнувања во образовната и изведувачката пракса бил награден со Почесен докторат на полето на музичките уметности од Државниот универзитет за уметности во Харков. Во текот на својата кариера настапувал на некои од најпрестижните концертни сцени во Русија, Канада, Италија, Кина, Израел, Украина, САД. Покрај солистичката дејност, Сковородников настапува и како камерен изведувач, соработувајќи притоа со голем број познати музичари. Често може да се сретне како член на жирито на интернационалните пијано натпревари во Италија и Германија, а познати се и неговите мајсторски курсеви кои ги одржува на интернационалните фестивали во повеќе земји.
Програма:
Фредерик Шопен (1810-1849): 2 Мазурки, оп. 7
Бр. 1 B – dur
Бр. 2 a – moll
2 Полонези, оп. 26
Бр. 1 cis – moll
Бр. 2 во Es – dur
2 Ноктурна, оп. 27
Бр. 1 cis – molL
Бр. 2 во Des – dur
Балада бр. 2 F – dur, оп. 38
- пауза –
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2028