Свечено затворање Tеатарска претстава „Илијада“ од Хомер
Режија: Јернеј Лоренци
Копродукциски проект: Словенечки Народен Театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев Дом и Градски Театар, Словенија
Копродукциски проект на Словенечки народен театар – СНГ Драма, Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар
„Илијада“ е исконски темел и извор на Европа. Таа е нејзин почеток, нејзино прво семе, нејзин низок старт и висока цел. „Илијада“ е првиот еп во Европа прароман, праопера, праспектакл. „Илијада“ е темелно училишно четиво и недостапен литературен врв. Но, „Илијада“ е дел од сите нас…
Претставата „Илијaда“ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата започнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека, седат на столици, раскажувајќи ја крвавата историја за „Илијада“ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика.“
Ника Архар
Јернеј Лоренци (1973 год.) е театарски режисер и предавач на академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Како режисер добитник е на бројни награди и тоа: „Гран при“ за најдобра претстава и награда за најдобра режија на фестивалот „Борштникови средби“, наградата „Шелиго“ за најдобра претстава на фестивалот „Недела на словенечката драма“, наградата „Политика“ за најдобра режија на БИТЕФ 2013, награда за најдобра режија на меѓународниот театарски фестивал „Златен лав“. Има работено во сите словенечки театарски институции, исто така и во ЗКМ, во ХНК Загреб, како и многу други театарски куќи во странство. Тој е еден од добитниците на наградата „Премио Европа 2017“.
Драматург: Ева Махковиќ, Матиќ Старина
Костимограф: Белинда Радуловиќ
Кореограф и помошник на режија: Грегор Луштек
Улоги:
Ахил: Јуре Хенигман
Тетис: Нина Иванишин
Парис: Аљаж Јовановиќ
Хефаистос: Грегор Луштек
Хектор: Марко Мандиќ
Брисеј: Звездана Новаковиќ
Хера: Џет Остан Вејруп
Елена: Миа Скрбинац
Зевс: Матеј Пуц
Патрокле: Блаж Сетеникар
Приам: Јанез Шкоф
Агамемнон: Примож Пирнат
Претставата е наменета за целата публика!
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2021