Театарска претстава „ Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс
“Стаклена Менажерија” е едно од најинтересните дела на славниот Тенеси Вилијамс. Тој ја отсликува својата автобиографија во односите помеѓу самите ликови во драмата. Доминантната мајка ги измачува своите деца со нејзините константни планови за иднината. Таа неможе никако да разбере дека нејзините желби не се желби и на луѓето окулу неа. Том цело време планира бегство од домот полн со агресија. Тој е поет што сака авантури и затоа сака да ги напушти мајка му и сестра му, само и само за да го следи својот млад и немирен дух. Лора е девојка со хендикеп која никогаш не осетила љубов и никогаш немала надеж дека некој ќе ја сака. Токму затоа доаѓањето на младиот Џим е главниот момент во пиесата што го предизвикува сринувањето на Лора. Таа разбира дека може да љуби, а потоа го губи тоа право.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Софија Ристевска – Петрушева
Софија Ристевска – Петрушева дипломирала театарска режија на Националната академија за театар и филм, “Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. До сега режирала над триесет театарски претстави во институционални и независни театри низ Македонија, Бугарија и Србија. Со ансамблот од Охридскиот театар има соработувано на три претстави: “Граница”, “Валкани приказни” и “Европа”, сите три реализирани пред театарот да стане официјална, државна институција. Од 2013 г, е сопственик и уметнички директор на Интимен театар во Битола. Тоа е независен театарски простор, во којшто Ристевска -Петрушева, продуцира свои претстави, но исто така, кани и гостувачки продукции. Театарот прима до педесетина луѓе публика и е простор за презентација како на професионални продукции, така и на млади луѓе што работат во склоп на младинската сцена при самиот театар. Претстави на Ристевска – Петрушева досега гостувале во Бугарија, Србија, Турција, Босна, Словенија, Албанија, Ерменија и Аргентина.
Превод: Јасмина Петровска
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Улоги:
Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ -Тодороска, Филип Кипровски
Не се препорачува за публика под 14 год.!
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2022