Васко Дантас, пијано, Португалија
Португалскиот пијанист Васко Дантас е роден во Порто во 1992 година и студиите со највисоки оценки ги завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон каде студира пијано со Дмитри Алексееев и Нил Имелман и диригирање со Петер Tарк и Наталиjа Луис Баса. Пост-дипломските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија во класата на Хериберт Кох каде запишува и докторски студии.
Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија од натпревари и фондации ширум светот и тоа во: Рим, Малта, Мароко, Германија, Португалија и др. Во 2019 дебитира во Карнеги Хол во Њујорк, а во годините пред тоа настапува како солист со Кремлинскиот камерен оркестар во големата сала на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, во Ахен со Младинскиот симфониски оркестар на Германија, во Азија настапува со Симфонискиот оркестар на Хонг Конг и др. Бројните настапи го носат на следните концертни сцени во: Австрија, Белгија, Бразил, Кина, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Косово, Малта, Мароко, Португалија, Русија, Србија, Сингапур, Шведска, Тајланд, В. Британија и САД.
Во областа на педагогијата, Васко Дантас има магистрирано на универзитетот Авеиро, и носител е на диплома „Уметност на педагогијата“ од Лондонскоит колеџ за музика. Има ограничен број на приватни ученици и одржува мајсторски курсеви на бројни фестивали. Васко Дантас е уметнички директор на Фестивалот за камерна музика во Алгарве во јужна Португалија. Неговите снимени материјали се поместени на неколку носачи на звук „Променада“ (2015), „Златниот Лист“ (2016), „Фреитас Бранко” (2020) и „Поетски сцени“ (2020).