Ѓорѓи Цуцковски: Немам чувство дека работам, туку дека го живеам својот животен сон

Ѓорѓи Цуцковски: Немам чувство дека работам, туку дека го живеам својот животен сон

 

Пр­ве­не­цот на Опе­ра­та при Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ѓор­ѓи Цуц­ков­ски, е но­ви­от му­зич­ки се­ле­ктор на фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Гор­да­на Јо­си­фо­ва-Не­дел­ков­ска, ко­ја де­сет го­ди­ни ус­пеш­но ја во­де­ше оваа функ­ци­ја.

 

Цуц­ков­ски дип­ло­ми­ра­ше на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност во Скоп­је со нат­про­сеч­на оцен­ка (cum laude), во кла­са­та на про­фе­сор­ка­та Бил­ја­на Ја­ки­мов­ска. Тој е и сти­пен­дист на Фон­да­ци­ја­та „Му­зич­ки те­а­тар” од Ви­е­на и уште од вто­ра­та фа­кул­тет­ска го­ди­на ста­нал со­лист во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Се вра­бо­ту­ва во МОБ, ка­де што, ка­ко што ве­ли, му се по­ну­ди­ла шан­са да се стек­не со го­ле­мо сцен­ско и опер­ско искус­тво, а по­доц­на ста­ну­ва и умет­нич­ки ди­ре­ктор на оваа ин­сти­ту­ци­ја. До­се­га на­ста­пу­вал во Ав­стри­ја, Ита­ли­ја, Гер­ма­ни­ја, Швај­ца­ри­ја, Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја…

Вие сте но­ви­от се­ле­ктор за му­зич­ка про­гра­ма на Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Што прет­ста­ву­ва за Вас овој из­бор? Да­ли е нов пре­диз­вик?

Цуц­ков­ски: Пред сѐ ми прет­ста­ву­ва осо­бе­на чест и за­до­волс­тво да би­дам му­зич­ки се­ле­ктор на еден од нај­ре­но­ми­ра­ни­те му­зич­ки фе­сти­ва­ли, Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“. Исто­вре­ме­но ми го­ди но­ва­та по­зи­ци­ја, но мо­рам да истак­нам де­ка се чув­ству­вам на­ви­сти­на од­го­во­рен за на на­ша­та, но и на ту­ри­стич­ка­та и на му­зич­ка­та јав­ност да им овоз­мо­жи­ме вр­вен ква­ли­тет на умет­нич­ки збид­ну­ва­ња, да го за­др­жи­ме ни­во­то што го има Фе­сти­ва­лот на­ви­сти­на дол­ги го­ди­ни и, се раз­би­ра, да да­де­ме сопс­твен при­до­нес и да овоз­мо­жи­ме што по­го­ле­мо збо­га­ту­ва­ње на про­гра­ма­та за во ид­ни­на. Мо­рам да истак­нам де­ка мо­е­то искус­тво ка­ко умет­нич­ки ди­ре­ктор на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, т.е. на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра ми овоз­мо­жу­ва не­кои по­го­ле­ми еду­ка­ции од ти­пот на ме­на­џи­ра­ње и на упра­ву­ва­ње со умет­ни­ци и со ре­сур­си, та­ка што мис­лам де­ка имам до­бра ос­но­ва за на­та­мо­шен раз­вој и де­ка на­ви­сти­на ќе при­до­не­сам за уште по­го­ле­ма афир­ма­ци­ја на овој фе­сти­вал.

 

Ка­ква про­гра­ма да оче­ку­ва­ме за след­но­то из­да­ние на Фе­сти­ва­лот? Има ли ве­ќе не­кои до­го­во­ре­ни на­ста­пи? До­а­ѓа­ат ли ѕвез­ди во Охрид?

Цуц­ков­ски: Мо­рам да истак­нам де­ка ре­чи­си осум­де­сет про­цен­ти од про­гра­ма­та за след­на­та се­зо­на на „Охрид­ско ле­то“ е ве­ќе за­вр­ше­на и на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, но и на по­ши­ро­ка­та му­зич­ка и умет­нич­ка јав­но­ста, мо­жам да ѝ га­ран­ти­рам спе­кта­ку­ла­рен фе­сти­вал, спе­кта­ку­лар­но отво­ра­ње, спе­кта­ку­лар­но за­тво­ра­ње… Сѐ уште сме во пре­го­во­ри со го­лем број умет­ни­ци, зна­е­те умет­ни­ци­те се за­фа­те­на му­зич­ка фе­ла, но ка­ко Ѓор­ѓи Цуц­ков­ски ќе се тру­дам да да­дам еден ли­чен пе­чат на фе­сти­ва­лот, мо­же­би во збо­га­ту­ва­ње на про­гра­ма­та за­тоа што сме­там де­ка фе­сти­ва­лот тре­ба да ги оп­фа­ќа ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си, а тоа зна­чи да дој­дат нај­ре­но­ми­ра­ни­те ре­про­ду­ктив­ни умет­ни­ци од об­ла­ста на кла­сич­на­та му­зи­ка, ме­ѓу­тоа да има мал­ку по­ши­ро­ки жа­нро­ви за си­те љу­би­те­ли на му­зи­ка­та и на умет­но­ста. Ту­ка спа­ѓа­ат џе­зот, ори­ент кла­си­ка­та, та­ка што ќе се по­тру­дам за се­кој што ба­рем мал­ку са­ка му­зи­ка, да има мож­ност да ку­пи би­лет и да по­се­ти не­кој од на­ши­те на­ста­ни.

Уште на ра­на во­зраст ста­на­вте дел од ан­самб­лот на МОБ, во ме­ѓу­вре­ме по­ле­ка но си­гур­но изо­де­вте долг пат кон ус­пе­хот… Сти­пен­дист на Фон­да­ци­ја­та „Му­зич­ки те­а­тар“ од Ви­е­на, со­лист во МОБ со оди­гра­ни мош­не зна­чај­ни уло­ги на ма­тич­на­та сце­на, умет­нич­ки ди­ре­ктор, се­га се­ле­ктор за му­зич­ка про­гра­ма на Охрид­ско ле­то… Бе­ше ли те­шко да се по­стиг­не се­то тоа? Има­ше ли одре­ку­ва­ња? Жа­ли­те ли мо­же­би за не­што?

Цуц­ков­ски: Јас не­мам чув­ство де­ка ра­бо­там, ту­ку де­ка го жи­ве­ам сво­јот жи­во­тен сон. Зна­чи мо­жам да ре­чам де­ка ра­бо­там хо­би, од­нос­но не­што што на­ви­сти­на го са­кам. Од нај­ма­ла во­зраст поч­нав со му­зич­ка­та еду­ка­ци­ја и бла­го­да­ре­ние на се­бе, на се­мејс­тво­то и на др­жа­ва­та ко­ја се­ко­гаш ми по­ма­га­ше, се­ко­гаш до­би­вав мож­ност да се до­ка­жу­вам сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе. На­пор­на­та ра­бо­та е со­ста­вен дел од на­ши­от ус­пех, но ние умет­ни­ци­те сме на­вик­на­ти на тоа и, во прин­цип, ме­не не ми прет­ста­ву­ва ни­ка­ква те­шко­ти­ја да ра­бо­там и по че­ти­ри­на­е­сет или пет­на­е­сет ча­са днев­но за­тоа што се­то тоа е ли­чен ус­пех, ус­пех на се­мејс­тво­то, на ку­ќа­та – Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, и на др­жа­ва­та во­оп­што. Та­ка што се­ко­гаш сум бла­го­да­рен, се­ко­гаш одам на­пред и не сме­там де­ка тре­ба ту­ка да се за­ста­не. Лич­но сме­там де­ка тре­ба да да­дам ма­кси­мум за Фе­сти­ва­лот „Охрид­ско ле­то“ и по­тоа, ако има не­ка­ква дру­га мож­ност или не­ка­де ка­де што, исто та­ка, мо­жам да при­до­не­сам, со за­до­волс­тво го при­фа­ќам исто­то.

 

До­се­га сте на­ста­пу­ва­ле на ре­но­ми­ра­ни сце­ни во Ру­си­ја, Гер­ма­ни­ја, Ав­стри­ја, Ита­ли­ја, Швај­ца­ри­ја, Ал­ба­ни­ја и во дру­ги зем­ји и има­те од­лич­на со­ра­бо­тка со нив. Мо­же ли да оче­ку­ва­ме не­ка­ква со­ра­бо­тка со овие ку­ќи ко­ја би ре­зул­ти­ра­ла со на­стап на Ан­тич­ки те­а­тар или во МОБ?

Цуц­ков­ски: Да. Ве­ќе ид­на­та го­ди­на ќе има­ме не­што од тој тип. На­ши­те лич­ни кон­та­кти се го­ле­ма пред­ност, јас ка­ко сти­пен­дист на Вла­да­та на Ав­стри­ја, по­тоа со мо­и­те ин­тер­на­ци­о­нал­ни го­сту­ва­ња од Ко­ре­ја до Ита­ли­ја, имам го­лем број кон­та­кти ка­ко со умет­ни­ци, та­ка и со аген­ти на умет­ни­ци кои мо­жат да ни по­мог­нат исти­те свет­ски умет­ни­ци да дој­дат во Ма­ке­до­ни­ја, но под раз­лич­ни ус­ло­ви. Ние сме др­жа­ва со огра­ни­че­ни ре­сур­си, но мо­рам да истак­нам де­ка за ед­на ва­ка ма­ла др­жа­ва има­ме на­ви­сти­на спе­кта­ку­лар­ни умет­нич­ки на­ста­ни и ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка има мож­ност мно­гу че­сто да ги гле­да нај­го­ле­ми­те свет­ски му­зич­ки умет­нич­ки ѕвез­ди, та­ка што мис­лам де­ка тре­ба да би­де­ме гор­ди на на­ша­та кул­ту­ра и на на­ши­те кул­тур­ни збид­ну­ва­ња, во­оп­што. Не за­о­ста­ну­ва­ме зад свет­ска­та сце­на. Се­то она што ѝ е до­стап­но на свет­ска­та му­зич­ка и умет­нич­ка јав­ност, ние, Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, „Охрид­ско ле­то“, си­те ка­ко ин­сти­ту­ции од кул­ту­ра­та, го да­ва­ме сво­јот ма­кси­мум и мис­лам де­ка ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка е ви­стин­ски за­до­вол­на.