Интернационалниот професор по пијано Коли Карл Андреас им го пренесе искуството на идните пијанисти
Семинар по пијано со интернационалниот професор по пијано Коли Карл Андреас од Швајцарија се одржа во текот на изминатите седум дена во рамките на фестивалот „Охридско лето“ а со поддршка на Музичката младина на Република Северна Македонија.
Извонредниот професор по пијано Коли Карл Андреас им го предаде своето искуство на средношколци и студенти кои се усовршуваат на пијано од Германија, Швајцарија, Косово и Република Северна Македонија.
Во текот на семинарот што се одржа во Основното музичко училиште „Методи Патче“, младите и талентирани пијанисти ја покажаа и својата досегашна стекната практика, а ги усовршуваа и техниките на изведба и избор на дела. За стекнатата обука кај реномираниот професор, тие добија и дипломи.