Млади и талентирани музичари ги презентираа стекнатите искуства Меѓународниот семинар по виолина, виола и камерна музика

Завршен концерт на учесниците од Меѓународниот семинар по  виолина, виола и камерна музика се одржа вчера на фестивалот „Охридско лето“.

Семинарот  се одржуваше изминатите денови во Основното музичко училиште „Методи Патчев“, а завршниот концерт по традиција се организира во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Стекнатите вештини на музичките инструменти ги презентираа талентирани млади музичари од Србија, Бугарија, Австрија, Германија,Русија, како и тројца учесници од Република Северна Македонија,  а за првпат годинава имаше и музичари од Украина.

Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика се одржува под уметничко раководство на познатиот виолинист и професор Емилио Перцан и пијанистката Тамила Гулијева.

 

Галерија: