Голем рок концерт се случуваше синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Просторот „Долни Сарај“ беше претесен за да ја прими бројната публика кој уживаше во проектот „РОК СИМФОНИЈА“ на Камерниот оркестар од Битола заедно со виртуозот на гитара Влатко Стефановски и солистите Михајло Трајковски-Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.
.
– Јас сум многу задоволен што сум дел од овој проект. Ме поканија да учествувам заедно со овие млади. Верувам дека ова е само почеток на една соработка која може и да потрае затоа што највистина се многу вешти, многу подготвени, многу талентирани, и гудачите, и ритам секцијата а посебно пејачите кои се навистина фантастични. Материјалот е рок-ен рол, Рок-ен рол лектира и Рок-ен рол литература која е добро позната на сите така што навистина уживав, вели македонскиот гитарист со светско реноме, Влатко Стефановски.
.
.
Задоволството да се настапува на „Охридско лето“ според Стефановски е огромно, зашто како што додава, оваа манифестација ја збогатува културната понуда на Охрид во лето.
– Имам голем респект кон фестивалот Охридско лето“ што трае шеесеттина години и се труди да ја збогати културната понуда во Охрид. Без „Охридско лето“ не знам како би изгледал Охрид во лето. Знаеме што е туризам ама ова е нешто друго. Со задоволство бев дел од оваа голема манифестација, вели Влатко Стефановски.
.
Охриѓанецот Боби Мојсовски кој успешно ја гради својата музичка кариера смета дека настапот на „Охридско лето“ е големо искуство.
– Преубаво искуство. Не ми е прв ваков концерт. Пред тоа имав два мои концерта во Минск, Белорусија каде што исто така настапував со оркестар, но ми е прва соработка со Камерниот оркестар од Битола и навистина ми е мило што ја делев оваа сцена со Влатко Стефановски, вели Мојсовски.
.
.
„РОК СИМФОНИЈА“ ја обедини публиката од сите генерации која уживаше во познатите рок песни.
.
.
.
.
.
.
.