Македонското музичко трио „Аура“ синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид настапи пред публиката на фестивалот „Охридско лето“
Триото„Аура“ го сочинуваат тројца истакнати музички уметници флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски кои велат дека „Охридско лето“, особено во црквата „Света Софија“ е настан којшто го очекуваат секогаш со нетрпение.
– Мислам дека синоќа направивме прекрасен концерт. Не можам да бидам скромен, а да не кажам дека и ние како три дека не сме задоволни од нашата интерпретација. Имаше убава атмосфера во „Света Софија“ . Публиката одлично реагираше на она што ние го подготвивме како програма. Си заминуваме со полни души и ќе го чекаме следниот момент кога повторно ќе свириме на „Охридско лето“ и во прекрасната „Света Софија“, вели флејтистот Темков.
Тој и неговите колеги од триото, работат и како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во САД, Франција, Германија, Австрија, Англија, но и на азискиот континент и во Африка. Критиката ги нарекува овие уметници „мајстори на својот инструмент“
Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови, а често промовира и премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав.