Врвно естетско доживување за публиката на „Охридско лето“ приреди синоќа рускиот виолончелист Александар Књазев во катедралната „Света Софија“. Свирејќи го Бах, харизматичниот уметник кој важи за еден од најдобрите виолончелисти на својата генерација, покажа дека и потешките дела на генијалниот Јохан Себастијан Бах преку извонредно и прецизно музицирање можат да направат пријатна и релаксирана атмосфера.





