Премиера на театарската претстава „Секс, лаги и Љубомора“ од Марко Камолети

Режија: Коле Ангеловски
Продукција: Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и
Народен театар Охрид, Р.С.Македонија

 

Марк Камолети е голем мајстор на францускиот театар и на таканаречениот булевар на комедии во кој се разработуваат љубовните сплетки меѓу мажот и жената,неочекувани пресврти и карактерни улоги кои им даваат можност на актерите заедно да се забавуваат со публиката. Текстот е напишан во шеесеттите години од минатиот век , но повеќе од успешно и денеска живее на сцените ширум светот. Авторот Марк Камолети, како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Заплетот е многу едноставен и е проектиран, околу животите на две современи брачни двојки, кои се испреплетени на необичен начин. Емоционална вртелешка, полна со интриги, замена на идентитет, инсинуации и љубомора.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија, современа и елегантна.Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, како што велат Французите: „joie de vivre” или „радоста на живеењето“.

 

Коле Ангеловски е роден во Скопје 1943 година.Дипломирал Академија за филм и театар во Белград.Целиот свој работен век го поминал во Драмски театар Скопје.Има одиграно бројни театарски улоги на матичната сцена но повеќето главни улоги ги има одиграно во филмови и серии во поранешна Југославија.Како режисер во Македонија има режирано повеќе од 100 театарски претстави и е еден од најгледаните македонски режисери.

 

Улоги:

Стрезо Стаматовски

Никола Тодороски

Адријана Билаловиќ -Тодороска

Елизабета Стефановска

Билјана Билаловиќ – Вељаноска

Марија Новак

Дата

13 Јул 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“ Мала сцена

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“ Мала сцена

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *