
Ансамбл „Реј“, Турција
Ирем Бурша Бајир – мецосопран
Шениз Ердинч – сопран
Артур Багдасароглу – баритон
Берк Озбек – тенор
Алпер Акгул – пијано
Турскиот ансамбл „Реј“ го сочинуваат етаблирани музичари кои се докажани на сцената и се истакнуваат не само со својот талент туку со исклучителната способност да соработуваат меѓусебно и да воспостават уникатна поврзаност со публиката.
Мецосопранистката Ирем Бушра Бајир е постојан член на Државната опера во Истанбул и е позната по нејзините моќни вокални и сценски интерпретации со кои успева да ја вовлече публиката во драматичните длабочини на делата кои ги изведува.
Сопранистката Сениз Ердинч освојува со нејзината сценска харизма и техничка маестралност. Позната е по импресивните интерпретации на драмските и лирските улоги.
Артур Багдашароглу поседува длабок, полн и моќен баритонски глас кој го квалификува и длабок емоционален интензитет. Подеднакво успешен на концертниот подиум, како и на оперската сцена, Багдашароглу е мајсторски изведувач на делата од Ерменската класична музичка ризница, како и на дела од турски композитори.
Тенорот Берк Озбек со својот мек, светол и импресивен глас успева да долови незаборавни моменти за публиката преку својата вокална техника, но и преку неговото непосредно сценско присуство.
Пијанистот Алпер Акгул е движечка сила на Ансамблот „Реј“ и игра огромна улога во пренесувањето на музичкото доживување до присутните во аудиториумите каде настапуваат. Сo својот студиозен пристап ја доловува длабочината на делата и истовремено ја комплементира динамиката на ансамблот. Акгул е професор по пијано на Универзитетот „Мармара“.
Репертоарот на Ансамблот „Реј“ на специфичен начин ги комбинира богатството и универзалниот јазик на класичната музика со длабочината и уникатноста на турската музичка култура. Ансамблот изведува дела од Моцарт, Бетовен, Шуберт, како и дела од бројни турски композитори. Нивната основна идеја е дека музиката обединува, поради што како култури двигатели имаат значајно место во културната и уметничката сцена во Истанбул. Преку интензивната музичка естетика, ансамблот има цел да ја доближи музиката до пошироката публика.