Ансамбл „Реј“, Турција

Ирем Бурша Бајир – мецосопран 

Шениз Ердинч – сопран

Артур Багдасароглу – баритон

Берк Озбек – тенор

Алпер Акгул – пијано 

 

Турскиот ансамбл „Реј“ го сочинуваат етаблирани музичари кои се докажани на сцената и се истакнуваат не само со својот талент туку со исклучителната способност да соработуваат меѓусебно и да воспостават уникатна поврзаност со публиката.

Мецосопранистката Ирем Бушра Бајир е постојан член на Државната опера во Истанбул и е позната по нејзините моќни вокални и сценски интерпретации со кои успева да ја вовлече публиката во драматичните длабочини на делата кои ги изведува.

Сопранистката Сениз Ердинч освојува со нејзината сценска харизма и техничка маестралност. Позната е по импресивните интерпретации на драмските и лирските улоги.

Артур Багдашароглу поседува длабок, полн и моќен баритонски глас кој го квалификува и длабок емоционален интензитет. Подеднакво успешен на концертниот подиум, како и на оперската сцена, Багдашароглу е мајсторски изведувач на делата од Ерменската класична музичка ризница, како и на дела од турски композитори.

Тенорот Берк Озбек со својот мек, светол и импресивен глас успева да долови незаборавни моменти за публиката преку својата вокална техника, но и преку неговото непосредно сценско присуство.

Пијанистот Алпер Акгул е движечка сила на Ансамблот „Реј“ и игра огромна улога во пренесувањето на музичкото доживување до присутните во аудиториумите каде настапуваат. Сo својот студиозен пристап ја доловува длабочината на делата и истовремено ја комплементира динамиката на ансамблот. Акгул е професор по пијано на Универзитетот „Мармара“.

Репертоарот на Ансамблот „Реј“ на специфичен начин ги комбинира богатството и универзалниот јазик на класичната музика со длабочината и уникатноста на турската музичка култура. Ансамблот изведува дела од Моцарт, Бетовен, Шуберт, како и  дела од бројни турски композитори. Нивната основна идеја е дека музиката обединува, поради што како култури двигатели имаат значајно место во културната и уметничката сцена во Истанбул. Преку интензивната музичка естетика, ансамблот има цел да ја доближи музиката до пошироката публика.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

19 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD600.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *