Даниел Мyлер-Шот – виолончело, Германија

Даниел Милер-Шот – виолончело

 

Даниел Милер-Шот е еден од најбараните виолончелисти на денешницата и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.

Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и концерти со Камерниот оркестар на Концертгебау, Филхармонијата во Хелсинки, Оркестарот на шпанската РТВ и др., како и серија камерни концерти со пијанистот Давид Фре.  Оваа година, Милер-Шот има уметничка резиденција на Фестивалот на Камерниот оркестар во Цирих, а на Фестивалот Мекленбург – Форпомерн одбележува 30 години од првиот настап.

Даниел Милер-Шот гостува како солист со сите значајни оркестри во САД, како филхармониските и симфониските оркестри во Њујорк, Бостон, Кливленд, Чикаго, Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес, со бројни оркестри во Европа меѓу кои Берлинската филхармонија, „Гевандхаус“ во Лајпциг, повеќето германски оркестри, водечките оркестри во Лондон, симфониските оркестри во Мелбурн и Сиднеј во Австралија, како и азиските оркестри во Токио, Тајван, Сингапур и Сеул. Редовно соработува со истакнати диригенти како: Марк Албрехт, Карина Канелакис, Томас Даусгард, Кристоф Ешенбах, Иван Фишер, Алан Гилберт, Манфред Хонек, Нееме Јерви, Фабио Луизи, Кристијан Мачелару, Сузана Малки, Јун Меркл, Андрис Нелсонс, Џанандреа Нозеда, Андрес Орзоко-Естрада, Кирил Петренко, Васили Петренко, Јука Пека Сарасте, Далиа Стасевска, Кшиштов Урбански, Јаап ван Звејден и многу други.

Репертоарот на Милер-Шот вклучува бројни дела од барокот, па сè до новосоздадени современи дела. Особено е посветен на проширувањето на репертоарот за виолончело преку сопствени аранжмани и преку соработки со современи композитори. Честопати сам ги претставува концертите и ги пишува текстовите за неговите бројни ЦД-а. На неговиот фестивал во Вевеј креира програма која ги вклучува делата на Бах придружувани со танцова кореографија во обид на визуелен начин да ја „преведе“ музиката.  Неговите соработници за камерна музика ги вклучуваат: Кит Амстронг, Рено Капусон, Вероника Еберле, Џулија Фишер, Џанин Јенсен, Сабине Мејер, Нилс Монкемејер, Ан-Софи Мутер, Франческо Пјемонтеси, Емануел Тјекнавориан, Симон Трпчески, како и квартетите „Модиљани“ и „Ебене“.

За време на неговата кариера Даниел Милер-Шот има издадено импресивен број дискографски изданија кои се повеќекратно наградувани.

Даниел Милер-Шот студирал под менторство на Валтер Нотас, Хајнрих Шиф и Стивен Исерлис. Неговата кариерa била поддржана од Ан-Софи Мутер, а добитник е на бројни стипендии и награди меѓу кои и наградата „Аида Стуки“, како и едногодишно приватно школување кај легендарниот Мстислав Ростропович. На само петнаесетгодишна возраст, тој е добитник на прва награда на Меѓународниот натпревар за млади музичари „П. И. Чајковски“ во Москва во 1992 година.

Даниел Милер-Шот свири на виолнчелото „Екс Шапиро“ изработено од Матео Гофрилер во 1727 година.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

21 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD800.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *