ЏЕЗ вечер; Крсте Роџевски (С.Македонија/САД)
Крсто Роџевски (САД/Македонија)
Концертно отворање со еден од најавтентичните современи автори со македонско потекло, Крсто Роџевски, кој ќе настапи со својот најнов проект Orthodoxia Kai Thanatos.
Настапот ќе се одржи во внатрешноста на црквата „Св. Софија“, простор чија духовна и акустична атмосфера органски се надоврзува на длабокиот и медитативниот карактер на музиката.
Крсто Роџевски е композитор, гитарист и вокалист со интернационална кариера, базиран во Њујорк. Неговата музика спојува џез, авангарда, современа класика и балкански музички влијанија. Препознатлив е по силниот авторски печат и по настапите на значајните светски сцени.
