Доминик Вагнер – контрабас, Австрија; Софија Палурович – пијано, Србија/Австрија

Доминик Вагнер-контрабас

Роден во 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.  Иако,  релативно млад, Доминик Вагнер е стипендист на фондацијата на Ан Софи Мутер, добитник е на наградата „Ехо“ Класик, а во 2022 година беше прогласен за млад талент на годината од страна на Опус Класик. Победник е на бројни натпревари за контрабас, како натпреварот за соло басисти на фондацијата „Брадетич“, Меѓународниот натпревар на АРД во Минхен, добитник е на наградата „Фани Менделсон“ како и на награда на Евровизискиот натпревар за млади класични музичари.

Има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк (Карнеги Хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхаронија). Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник , а редовно настапува во САД каде одржува рецитали, камерни концерти и семинари.  Во 2021 година Доминик Вагнер го издава своето прво ЦД насловено „Џовани Ботезини- Револуција на басот“, а во 2023 го издава и своето второ аудио ЦД заедно со Лаума Скриде „Поглавја-Приказна за контрабас“. Овој албум, како и концертите кои се поврзани со неговата промоција вклучуваат дела од Бах и Шуберт, па сè до Пјацола и Манцини, на тој начин презентирајќи го целиот уметнички распон на Вагнер. Тој е исто така и активен камерен музичар, постојано трагајќи по нови звучни изрази што резултира со неговото дуо-партнерство со џез басистот Георг Бреиншмид, како и со кларинет триото со Себастијан Манц и Данае Доркен.

Пред да стане контрабасист во 2007 година, Доминик Вагнер учел виолончело, а 4 години поминал и како хорист во Хорот на „Виенските деца“. Студирал на Универзитетот за изведувачки уметности во Виена во класата на професорите Јозеф Нидерхамер и Вернер Флејшман од 2009 до 2015 година, а од 2015-2022 со проф. Дорин Марк на Високата школа за музика во Нирнберг. Од 2023 година е студент на специјалната програма на Академијата Конберг, а редовно одржува мајсторски курсеви во Европа и САД. Од 2023 година е професор по контрабас на Високата школа за музика во Вурцбург.

 

Софија Палуровиќ-пијано

Софија Палуровиќ започнува да учи пијано на 8 годишна возраст со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад, Србија. Откако го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена каде студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во класата на Стефан Владар, а магистрира во класата на проф. Јасминка Станчул.  За време на студиите бележи успеси на национални и меѓународни натпревари: прва награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Белград, прва награда на натпреварот „Пијано таленти“ во Милано (Италија) и прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград.  Дополнително, освојува награди како камерен музичар со триото „Спирито динамико“  (флејта, виолина и пијано). Во изминатите години настапува во престижни концертни сали во Европа како „Брукнер хаус“во Линц, „Бетовен хаус“ во Бон, но и во Градската куќа во Нови Сад. Вклучена е во разни мултидисциплинарни проекти како премиерата на верзијата на „Човекот од Мидиан“ за две пијана и современ танц. Софија се надградува учествувајќи на семинари кај познати пијанисти и педагози како Анџела Хјуит, Жак Рувие, Иан Џонс и др.

 

Програма:

 

 

Л. В. Бетовен:         Соната за хорна (контрабас) и пијано во F-dur

                                               Allegro moderato

                                               Poco Adagio, quasi Andante

                                               Rondo. Allegro moderato

 

Г. Малер:                  Песни на патникот (аранжман за контрабас и пијано)

     Кога мојата љубена се мажи(Wenn mein Schatz Hochzeit macht)

                                    Утрово прошетав преку полето (Ging heut morgen übers Feld)

                                    Имам сјаен нож (Ich hab’ ein glühend Messer)

                                    Сините очи на мојата љубена (Die zwei blauen Augen von meinem Schatz)

 

 

G.Bottesini: Reverie

 

A.Martin: Temperamental

 

A.Piazzolla: Ave Maria

 

A.Piazzolla: Le Grand Tango

Дата

24 Јул 2024
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *