Емир Имеров – виолина, Македонија; Ваг Папиан – пијано , Израел

Емир Имеров – виолина

Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира во 2000 година. За време на студиите освојува прва награда на натпреварот „Ф. Менделсон“ и добива двегодишна стипендија. Долг период настапува со квартетот „Виртуози на Санкт Петербург“ на турнеи во САД, Австралија, поранешен СССР и Германија. Во 1998 година со неговото клавирско трио освојува прва награда на натпреварот во Тулуз,  а истата година тој е добитник на втора награда на натпреварот за виолинисти во Ташкент. Се усовршува во класата на проф. Д. Гаеде, а посетува Мајсторски курсеви кај З. Брон и В. Третјаков. Од 2004 година е концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар на театарот во Крефелд-Минхенглајдбах и од 2010 година на ансамблот  „Европски солисти“ во Луксембург. Член  е на клавирското трио „Бенџамин“ заедно со Ваг Папиан и Александар Кагановски.

 

Ваг Папиан – пијано

Реномираниот пијанист и диригент Ваг Папиан кариерата ја започнува во 1979 година по победата на Меѓународниот натпревар „Виана да Мота“. Дипломира пијано на Московскиот конзерваториум, а потоа студира и диригирање во класата на Иља Мусин на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Во 1984 година станува асистент диригент на Ерменската филхармонија,  а подоцна станува и уметнички раководител и шеф диригент на овој оркестар. Откако емигрира во Израел во 1990 година, како диригент работи со оркестарот во Бир Шива и со Симфонискиот оркестар во Ерусалим. Диригира со бројни оркестри низ светот, настапува на престижни фестивали, а како камерен партнер на виолинистот Максим Венгеров остварува бројни снимки за Еми Класикс. Во сферата на операта диригира продукции на „Кармен“, „Дон Џовани“ и „Норма“, а во моментот е гостин диригент во Националната опера во Ерменија и професор на академијата „Самуел Рубин“ во Тел Авив, а е гостин предавач на високи музички школи во неколку европски земји. Член е на клавирското трио „Бенџамин“.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

28 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *