Француска вечер; Дуо Дезомбре – Леклер
Ан Дезомбре-пијано
Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада каде студира пијано, пијано придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба. Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца.
Уго Леклер-пијано
Уго Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија. Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Св. Елена или пак Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел. Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз.
Programme:
Г. Форе: Свита „Доли“
Berceuse
mi-a-ou
Le jardin de Dolly
Kitty-valse
Tendresse
Le pas espagnol
К. Дебиси: Две Арабески CD. 74 C. (соло пијано Уго Леклер)
К. Дебиси: Мала свита 71a
En bateau
Cortège
Menuet
Ballet
К. Дебиси: Два прелудиуми од Книга 2 (соло пијано Уго Леклер)
La Terrasse des audiences du clair de lune
Feux d’artifice
М. Равел: Мојата мајка гуска М. 60
Pavane de la Belle au bois dormant
Petit Poucet
Laideronette, Impératrice des pagodes
Les entretiens de la Belle et de la Bête
Le Jardin féérique
Х. Леклер: Имровизации на Марсељеза
(соло пијано Уго Леклер)
Ф. Пуланк: Соната за четирирачно пијано
Prélude
Rustique
Final