Француска вечер Квартет „АГАТЕ“
Адриен Јуркович – виолина
Томас Дескампс – виолина
Рафаел Пањон – виола
Симон Jашеме – виолончело
Формиран е во 2016 година, а членовите на квартетот „Агате“ студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц и на Парискиот конзерваториум под менторство на Матју Херцог и Лук-Мари Агуера. Во 2021 година се добитници на меѓународната награда на Фондацијата за млади класични музичари во Лондон (YCAT). Годинава дебитираат во престижниот „Вигмор Хол“ во Лондон и остваруваат рецитали на фестивалот во Вербие, во новата „Таубер“ филхармонија во Вајкерсхајм, на фестивалот „Мекленбург-Форпомерн“, заедно со Квартетот „Ебене“ на фестивалот „Музички столици“, и на повеќе значајни фестивали во Франција како на Фестивалот „ Ноќ на квартети“ во Париската филхармонија и во Брукнерхаус во Линц (Австрија).
Квартетот моментално е резидентен ансамбл при Фондацијата „Сингер Полињак“ и во Про-Квартет во Париз, како и ансамбл во постојана соработка на Фестивалот Ла Бреш во Савој.
Настапуваат на значајни фестивали и во познати сали низ Европа вклучувајќи го фестивалот „Екс ен Прованс“, фестивалот на камерна музика во Хамбург, Музичките средби во Евијан, „Концерверајн“ во Шверин и др, а соработуваат со уметници како пијанистот Франк Брале и квартетите „Модиљани“ и „Ерусалем“.
Програма:
Л. В. Бетовен: Гудачки квартет бр. 13 во B-dur оп. 130 со „Голема фуга“ оп. 133
Adagio, ma non troppo
Presto
Andante con moto, ma non troppo. Poco scherzoso
Alla danza tedesca. Allegro assai
Cavatina. Adagio molto espressivo
Große Fuge: Ouverture. Allegro – Meno mosso e moderato – Allegretto – Fuga– Meno Mosso e moderato – Allegro molto e con brio – Allegro
-пауза-
Ј. Хајдн: Гудачки квартет бр. 2 оп. 20 HOB III: 32 (бр. 2 квартет „Сонце“)
Moderato
Capriccio. Adagio – Cantabile
Menuetto. Allegretto – Trio
Fuga a 4 soggetti. Allegro