Франк Дупре – пијано рецитал, Германија
Франк Дупре-пијано
Добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата Концерти во 2018 година, и лауреат на Германскиот натпревар за музичари во 2014 година. Германскиот пијанист Франк Дупре ги воодушевува жириата со неговата музичка зрелост, рафинирана техника и можност да создаде широк спектар на бои од пијаното. Првично едуциран како џез перкусионист, Дупре има „широки видици“ во пијанистичкиот репертоар, со особен интерес кон современата и музиката на актуелните композитори на нашето време. Неговите скорешни и идни ангажмани вклучуваат соработка со фестивалот „Курт Вајл“ каде е резидентен уметник, деби со Ројал Нордерн Симфонија во Њукасл, со Симфонискиот оркестар во Трондхајм и со Симфонискиот оркестар на Лихтенштајн. Ќе се врати на сцените на „Вигмор Хол“, „Бозар“ во Брисел, и ќе продолжи да соработува со Филхармонијата во Штутгарт и театарот „Паулен“ во Цвикау. Дупре е уметник кој цврсто се етаблира на меѓународната музичка сцена и има остварено настапи со Лондонската филхармонија, како и со оркестрите во Минестота, Малме, Кристијансанд, Оукленд, со „Бетовен“ оркестарот во Бон и др. Во областа на камерната музика соработува со некои од највозбудливите имиња од неговата генерација како Симон Хофеле, Едгар Моро, Даниел Лозакович, Тимоти Ридаут, Киан Солтани и др. Исто така, е активен на диригентскиот пулт, и уметник кој често се јавува во улога на солист и диригент. Франк Дупре има соработувано како асистент со Сер Сајмон Ретл, Франсоа Гзавие Рот и Марио Вензаго.
Програма:
Ф. Шуберт: „Вандерер“ Фантазија C-dur оп.15 (D 760)
Allegro con fuoco, ma non troppo
Adagio
Presto
Allegro
Р. Шуман: Арабеска C-dur оп. 18
М. Балакирјев: „Исламеј“ ориентална фантазија оп. 18
-пауза-
Л. Буланже: Три пиеси за пијано
- D’un Vieux Jardin
- D’un Jardin Clair
III. The Cortège
К. Дебиси: Прелудиуми за пијано
Les collines d’Anacapri
La Cathédrale engloutie
Ondine
Feux d’artifice
М. Равел: „Барка на океанот“ од циклусот „Огледала“
Џ. Гершвин: Три прелудиуми за пијано
- Allegro ben ritmato e deciso
- Andante con moto e poco rubato
III. Allegro ben ritmato e deciso