Ирена Јосифовска; Александар Џермановиќ , Србија

Ирена Јосифовска- виолончело

Ирена Јосифовска е една од најперспективните виолончелистки на нејзината генерација. Добитник е  на прва награда на натпреварот „Габриели“ во 2021 година, таа се закитува и со наградата „Жан Никола Фирмених“ доделена од фестивалската академија во „Вербие“. Во 2017 година таа е најмлад полу-финалист на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во Белгија.

Родена е во 1996 година во Суботица во семејство на музичари, таа започнува да свири виолончело на петгодишна возраст. Студиите ги завршува на високата школа за музика во Детмолд во класата на проф. Ксенија Јанковиќ, а во моментот е на пост-дипломски студии на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на проф. Јенс Петер Мајнц.
Од октомври 2021 година таа е резидентен уметник за камерна музика на капелата „Кралица Елизабета“ во Брисел, а од септември оваа година ќе биде дел од фондацијата и фестивалска академија „Вила Музика“.

Ирена Јосифовска е победничка и освојува награди на повеќе национални и меѓународни нaтпревари. Во 2015 година е најмлад учесник и станува лауреат на натпреварот на Музичка младина во Белград, освојувајќи ја и наградата од публиката и неколку специјални награди. Во 2018 година е добитничка на сребрен медал на натпреварот во Виена, а во 2019 година добива златен медал на натпреварот „Менхетен“ во САД, по што следи награда на натпреварот „Антонио Јанигро“ во Загреб. Како солист настапува со еминентни европски оркестри меѓу кои Симфониета од Берлин, филхармониите во  Хаген и Реутлинген, камерниот оркестар во Детмолд, Филхармониите во Каунас и оркестарот во Валониј како и на фестивалите „Вербие“, Љубљана, „Морицбург“ и др.  Посетува мајсторски курсеви кај Давид Герингас, Франс Хелмерсон, Стивен Исерлис, Марк Копе, Кристијан Полтера, Даниел Милер Шот, Албан Герхард и др. Ирена Јосифоска има снимено две ЦД-а, а третото кое е за издавачката куќа „Сони“ е со барокниот ансамбл „Вокс барок“ на кое таа свири на барокно виолончело.


Александар Џермановиќ-пијано

Пијанистот Александар Џермановиќ во моментот е на докторски студии под менторство на Доријан Лелјак на Академијата за уметности во Нови Сад, кои следат по неговите специјалистички студии на Академијата „Моцартеум“ во Салцбург во класата на Жак Рувие, и пост-дипломски студии на Кралскиот колеџ во Лондон во класите на Иан Џонс и Дмитри Алексеев. Добитник е на бројни награди за пијано и камерна музика, се издвојуваат златниот медал на натпреварот „Менхетен“ во Њујорк, првата награда на меморијалниот натпревар „Исидор Бајиќ“, и награди во сите категории на Меѓународниот натпревар на славјанска музика во Москва. Александар има настапувано во салите ширум Европа во Русија, Велика Британија, Данска и во родната Србија. Настапува со Кралскиот оркестар во Тунбриџ Велс, со Симфонискиот оркестар на Војводина,  оркестарот во Рочестер, Симфонискиот оркестар на Академијата за уметности и „Камерата Академика“ под диригентските палки на Џанлука Марчано, Нил Томпсон и Александар Којиќ.  Александар Џермановиќ е доцент на Академијата за уметности во Нови Сад и генерален менаџер на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Исидор Бајиќ“.

 

Програма:

 

Л. В. Бетовен: Соната за виолончело и пијано бр. 4 оп. 102 C-dur

 

                                    Andante- Allegro vivace

                                    Adagio-Tempo d’Andante-Allegro vivace

 

 

Р. Шуман: Фантастични пиеси оп. 73

 

                        Zart und mit Ausdruck

                        Lebhaft, leicht

                        Rasch und mit Feuer

 

-пауза-

 

С. Рахмањинов: Соната за виолончело и пијано g-moll оп. 19

 

                            Lento-Allegro moderato

                            Allegro scherzando

                            Andante

                            Allegro mosso- Vivace

 

А. Пјацола: “Le grad Tango”

Дата

13 Авг 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *