Кинеска вечер – Јуе Гуангхуи-флејта; Ванг Веи-флејта; Аи Ву-мецо сопран; Хоу Јуан-пијано

Јуе Гуангхуи – флејта   

Јуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување на инструментот флејта. Во моментот сè уште е ученичка во Гимназијата за талентирани ученици при програмата на Музичкиот конзерваториум во Шангај во класата на проф. Парк Ми-Хјанг.

Во 2019 година таа поминува одреден период во Франција каде се усовршува со Винсент Лукас, Мишел Морагес и со јапонскиот мајстор Казунори Сео.

Во 2021 година постигнува огромни успеси на меѓународен план, победувајќи на Швајцарскиот меѓународен натпревар за млади музичари, ја понесува втората награда на Унгарскиот натпревар за млади, а победува во нејзината категорија и на Меѓународниот натпревар за млади музичари во Франција.

 

Веи Ванг – флејта 

Веи Ванг дипломира на одделот за флејта на Централниот музички конзерваториум во Пекинг. Во 2000 година се закитува со прва награда на Националниот кинески натпревар за флејтисти и потоа станува член на Кинескиот национален симфониски оркестар. Во 2002 година заминува во Франција каде ги продолжува студиите и во 2005 година победува  на натпреварот „Париз Белан“, а следната година со прва награда се здобива и на Меѓународниот натпревар во Бенидорм, Шпанија.

Како солист Веи Ванг е поканет да настапи во салата на УНЕСКО во Париз, а од 2013 до 2025 година редовно настапува на Мултикултурниот фестивал на УНЕСКО.  Во 2014 година на прославата на 50-годишнината од дипломатските односи помеѓу Кина и Франција е поканет да настапи заедно со францускиот флејтист Максенс Ларио. Настапува на азиската вечер во рамките на Канскиот филмски фестивал, а во периодот од 2016 до 2025 година редовно настапува како солист на Интернационалниот фестивал за харфа заедно со францускиот флејтист Филип Бернол и харфистот Беноа Вери. Во 2019 година е член на жири-комисијата на првиот Меѓународен натпревар за флејтисти. Во 2023 год. тој е вклучен како композитор и солист на прославата на 35-годишнината на проектот „Патот на свилата“ на УНЕСКО, а е и уметнички директор на кинеската програма.

Често е гостин предавач на конзерваториумите и универзитетите во Кина, меѓу кои Централниот конзерваториум, како и оние во Шингаи и Шанжи.

Од 2019 година е професор на Академијата „Рахмањинов“ во Париз, а одржува и бројни мајсторски курсеви по флејта.

 

Аи Ву – мецосопран  

Аи Ву е лирска мецосопранистка која живее и работи во Франција. Дипломира и магистрира на Шангајскиот конзерваториум, а потоа со највисоки оценки се здобива со висока диплома од Високата школа за музика на Парискиот конзерваториум каде студира во класата на проф. Изабел Грасизанц.

Добитничка е на бројни меѓународни награди и признанија кои ги вклучуваат првата награда на Интернационалниот натпревар за пејачи во Париз, Францускиот натпревар за барокна вокална музика, натпреварот во Безие, како и на Натпреварот за француска уметничка соло вокална музика.

Широкиот репертоар на оваа артистка се протега од барокниот период, па сè до оперите на  Моцарт, Росини и Штраус. Настапувала во оперите во Марсеј, Авињон, Тулон, Ница, Сан-Етјен, Лион, како и во театарот во Кан. Во 2010 година Аи Ву е поканета  да настапи на фестивалот во Клермон-Феран каде тогашниот француски претседател ѝ доделува трофеј за нејзините уметнички достигнувања.  Следната година ја толкува улогата на Сузуки во „Мадам Батерфлај“ на турнеја низ Франција со Парискиот симфониски оркестар, продукција за која добива одлични критики за нејзиното емотивно толкување на улогата.

Во последните години Аи Ву се посветува на делата од барокниот репертоар, често настапувајќи со ансамблот „Матеус“. Заедно со Жан-Марк Гужон го основаат камерниот ансамбл „Лили“. Забележителни се и нејзините соработки со светски познатиот диригент Мухаи Танг со кој настапува на повеќе сцени во Кина. Во 2024 година настапува со францускиот ансамбл „Епик барок“ на уметничкиот фестивал во Шангај, а потоа и на кинеската турнеја како дел на која се одржуваат бројни мајсторски курсеви на повеќе конзерваториуми и универзитети низ Кина.  Посветена на педагошката работа, Аи Ву е професор на Конзерваториумот во Брест, Франција, често е гостин предавач на неколку кинески универзитети и е почесен професор на Универзитетот за уметности во Гуанжи.  Забележителна е нејзината работа за продлабочување на културните врски помеѓу Франција и Кина. Дејствува како претседател на Француското здружение за меѓународна културна размена и го организира Меѓународниот натпревар за пијанисти во Брест.

 

Хоу Јуан – пијано  

Хоу Јуан започнува да учи пијано во 1986 година најпрво со Џиа-Ронг Тиан, а потоа со Јиминг Пан. Од 1990 до 1996 година учи во Гимназијата за талентирани ученици при Централниот музички конзерваториум под менторство на Шининг Жанг. Во 2002 година заминува во Франција, каде студира со француските пијанисти и педагози Франсоа Буфе и Винсен Кок. Во 2004 година победува на натпреварот за пијанисти во Париз, а во 2008 година ја дели првата награда на Натпреварот за камерна музика „Леополд Белан“.  Како камерен музичар, Хоу Јуан е поканета да настапува на Фестивалот за уметности на УНЕСКО, во 2015 година настапува на Филмскиот фестивал во Кан, на фестивалот „Бели ноќи“ во Париз, како и на 35-годишнината од проектот на УНЕСКO „Патот на свилата“ во 2023 година.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

06 Авг 2025

Време

21:00

Цена

MKD600.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *