Консонанс ансамбл – „Мозаик“

Елена Дојчинова – флејта

Маја Чаначевиќ – англиски рог

Здравко Ангелов – кларинет

Сашко Темелкоски – бас кларинет

Дарко Илиевски – хармоника

 

Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите почетоци беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен на изведбата на камерна музика истражувајќи ги огромните можности, пред сè, на дрвените дувачки инструменти кои го сочинуваат „Консонас“, а тоа се: флејта, кларинет, англиски рог, бас кларинет, како и останатите инструменти вклучени најчесто како концертни гости.  Ансамблот го сочинуваат членовите од Македонската филхармонија и тоа: Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта, како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски. Сите овие музичари со долгогодишно искуство подеднакво се посветени на оркестарската, соло и камерната музика.

Здравко Ангелов го оформува своето музичко образование на ФМУ во Скопје. Добитник е на бројни награди, а како прв кларинетист, солист во оркестарот на Македонската филхармонија, настапувал многупати во улогата на солист во Македонија и надвор од неа. Своето долгогодишно искуство го гради посветувајќи се на изведба на различни музички жанрови, од кои класичната музика зазема најзначајно место.

Маја Чанаќевиќ е обоист и солист на англиски рог во Македонската филхармонија која долги години покрај негувањето на оркестарското музицирање, активно настапува и како камерен музичар и солист. Настапувала во Македонија и надвор од неа. Покрај активното музицирање, таа дејствува и на полето на музичкиот менаџмент.

Елена Дојчинова е прва флејтистка во Македонската филхармонија. Музичкото образование го завршува во Скопје, а се усовршува работејќи со еминентни флејтисти надвор од нашата држава. Посветена на солистичкото и камерно музицирање, концертира заедно со различни ансамбли во Македонија и надвор од неа.

Сашко Темелковски е кларинетист и бас кларинетист во Македонската филхармонија. Еден од основачите на „Консонанс“, кој заедно со своите колеги активно дејствува во полето на оркестарската и камерната музика. Член е и на Оркестарот на Фамес, каде се занимава со професионално снимање на филмска музика.

Дарко Илиевски дипломира на ФМУ и магистрира на отсекот за сонологија на истиот факултет. Од 2013 година е дел од ансамблот „Танец“, каде од 2020 година е уметнички раководител на оркестарот. Својата музичка дејност ја надополнува како автор, композитор и аранжер во повеќе музички жанрови.

„Консонанс“ како ансамбл има настапувано на најпрестижните национални фестивали и настани во Македонија, како и во Црна Гора, Бугарија, Хрватска и САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

27 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD400.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *